Достапни линкови

Г20 – светот пред примирје или целосна трговска војна


Трамп на самитот на Г20 и се е можно
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:24 0:00

Трамп на самитот на Г20 и се е можно

Протекционизмот, според аналитичарите би требало да биде клучно прашање на самитот на Групата 20 во Буенос Аирес. Сепак, останува несјасно како ќе реагира американскиот претседател Доналд Трамп, оносно дали ќе бара трговско примирје или пак уште повеќе ќе ги зголеми трговските тарифи.

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Аргентина на самитот на Групата 20, откажувајќи ги планираните разговори со рускиот претседател Владимир Путин поради Украина и фалејќи се дека неговата трговска војна со Кина се исплаќа.

Од друга страна расте и отпорот на нападот на Трамп врз меѓународниот поредок откако францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе ги собере европските лидери во Буенос Аирес за да создаде обединет фронт против „сите предизвици“ со кои се соочуваат земјите од Г-20.

И додека претседателот на Украина Петро Порошенко го пофали Трамп дека бил голем лидер поради тоа што ја откажа средбата со Путин, портпаролот на Кремљ Димитри Песков изјави дека во таков случај „Путин ќе имал повеќе време за други корисни средби“.

Трамп во Буенос Аирес ќе мора да седне со кинескиот претседател Си Џинпинг за да изврши притисок за реформирање на втората по големина економија во светот во корист на пристапот на американските компании на кинескиот пазар.

Тука се и климатските промени, прашање кое речиси го торпедираше ланскиот самит на Г-20, како и барањата против трговскиот протекционизам кој сега ја следи светската економија, 10 години по одржувањето на првиот самит на Г-20 во време на финансиската криза.

Томас Бернс, поранешен функционер во Министерството за финансии на Канада, сега во Центарот за меѓународни управни иновации вели дека самитот во Буенос Аирес мора да заврши со изјава против протекционизмот во светот.

„Во спротивност тоа би било голем чекор назад“, наведува тој, додавајќи:

„Трамп е под притисок. Тој ги има резултатите од среднорочните избори, и тој може да реши дека во негов политички интерес е САД да имаат некакво примирје“.

Сепак, според Бернс, наклонетоста на Трамп да „создаде хаос, а потоа да постигнува договор“ може да доведе и до катастрофални последици.

„Подеднакво би можеле да имаме Трамп кој само заминува, зголемувајќи ги тарифите за кинеските производи и фрлајќи го целиот свет во трговска војна, што би било катастрофално за светот“.

Земјите од Г-20 учествуваат со четири петтини восветското економско производство, но консензусот на групата за најголемите предизвици е нарушен, бидејќи и други членки, како Италија и Мексико, исто така, се во раце на популистичките влади.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG