Достапни линкови

Франција бара одговор за протестите на „Жолтите елеци“


Во очекување на обраќањето на Макрон за протестите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

Во очекување на обраќањето на Макрон за протестите

Францускиот претседател Емануел Макрон вечер ќе и се обрати на нацијата, соопшти Елисејската палата, не наведувајќи други детали. Претходно Макрон ќе разговара со синдикатите за „конкретни и непосредни мерки“ за решавање на кризата по насилните протести на „Жолтите елеци“.

И додека во Париз се уште се чистат улиците по последните немири, а владата предупредува на забавен економски раст, сите во Франција го очекуваат денешното обраќање на претседателот Емануел Макрон.

Веќе неколку викенди по ред антивладиното движење познато како „Жолти елеци“ остава пустош во Париз и во други француски градови. Григориј Карај, сопственик на две продавници за мебел во срцето на Париз, каде што повеќето објекти биле оштетени, вели:

„Можете да го разберете движењето на „Жолтите елеци“, но ова е сосема неприфатливо. Ова е веќе трет викенд по ред. Погледнете околу себе, сè е скршено, оштетено. Сите продавници мораше да затворат и да плаќаат пари за да затворат сè и тоа се случува секоја недела“.

Францускиот министер за финансии Бруно ле Маир оценува дека демонстрациите биле „економска катастрофа“.

„Вијанието на протестите на „Жолтите елеци“ врз француската економија е сериозно. Во моментов не можам да ви дадам точна евалуација, но јас ќе го сторам тоа во наредните денови и ќе дадам оценки за бизнисот и поглобално за францускиот бруто домашен производ. Но, мора да очекуваме ново забавување на економскиот раст на крајот на годината со оглед на околностите што се случија“.

Тој повика на отворен дијалог со демонстрантите за да се смири ситуацијата.

Меѓутоа, најголем дел од лутината е насочена кон претседателот Емануел Макрон поради неговите даночни реформи што ги зголемија трошоците за живот.

Еден од нив, зголемување на данокот на гориво, поради протестите беше укинат од буџетот за следната година.

Но, тоа не ги смири „Жолтите елеци“, движењето кое спонтано настана преку социјалните мрежи и кое на 17 ноември почна најпрвин да протестира поради најавеното зголемување на даноците за гориво што пак потоа се претвори во општо незадоволство со политиката на Макрон.

Бертран Крузатие од Париз во врска со ова вели:

„Не знам дали оставката на Макрон е неопходна, но она што тој мора е целосно да го смени неговото мислење и да ги зголеми платите, ниските плати, и да ги намали даноците за сиромашните луѓе“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG