Достапни линкови

Трамп до Макрон: плати за НАТО


И Меркел контра Трамп, ЕУ ќе има своја армија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:27 0:00

И Меркел контра Трамп, ЕУ ќе има своја армија

Германската канцеларка Ангела Меркел јасно повика на создавање идна европска армија, во очигледен укор за американскиот претседател Доналд Трамп, кој ваквиот предлог, што деновиве во Париз го изнесе францускиот претседател Еманел Макрон, го оцени како „навреда“.

Германската канцеларка Ангела Меркел во Европскиот парламент повика на интегрирана војска на Европската унија, повторувајќи го ставот на францускиот претседател Емануел Макрон изразен деновиве во Париз што пак го изнервира американскиот претседател Доналд Трамп.

Таа најавувајќи дека ќе предложи формирање Европски совет за безбедност со ротирачко претседателство додаде:

„Многу сум убедена, особено ако ги погледнеме настаните од изминатата година дека мораме да работиме на една визија за еден ден да создадеме вистинска, европска армија“.

Меркел оцени дека таквите вооружени сили нема да го поткопаат воениот сојуз на НАТО предводени од САД, но би можеле да бидат комплементарни со Алијансата.

Повикот на Макрон, кој предизивика дилеми и во самата Европска унија всушност треба да покаже дека Европа е подготвена да прави повеќе за сопствената безбедност и оти помалку сака да се потпира врз американскиот безбедносен чадор.

Според Макрон, европските земји не треба да ги зголемуваат буџетите за одбрана само за да купуваат американско оружје.

„Ќе бидам многу директен со вас. Она што не сакам да го видам е европските земји да ги зголемат своите буџети во одбраната со цел да купат американско и друго оружје или материјали што доаѓаат од вашата индустрија. Мислам дека ако го зголемиме нашиот буџет, треба да ја зголемиме нашата автономија и да станеме природна суверена сила“.

Претседателот Трамп, на само два дена по враќањето од Париз на одбележувањето на 100 годишнина од крајот на Првата светска војна, го нападна својот француски колега во серија твитови, во кои се истакнува колку се влошија односите меѓу двајцата претседатели.

Освен што му забележува на неговиот слаб рејтинг дома во Франција, Трамп во врска со предлогот на Макрон за европска армија пишува:

„Емануел Макрон сугерира создавање на своја армија за да ја заштити Европа од САД, Кина и Русија. Но, тоа беше Германија во Првата и Втората светска војна. Како тоа беше за Франција? Тие почнаа да учат германски во Париз пред да дојдат САД. Плати за НАТО или не“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG