Грчки и италијански воени авиони над Црна Гора

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

НАТО се грижи за воздушниот простор на Црна Гора

Воздушни сили на НАТО почнаа да го контролираат воздушниот простор над Црна Гора, бидејки таа нема борбени авиони.

Грчки и италијански воени авиони започнаа да патролираат во воздушниот простор на Црна Гора, најмладата членка на НАТО, бидејќи таа нема сопствени.

Пилотите симулираа нарушување на воздушниот простор на Црна Гора, со што всушност, увежбуваа и можна реакција.

„Црна Гора може да смета на НАТО, како што НАТО може да смета на Црна Гора. Тоа е рамноправно и двонасочно партнерство меѓу НАТО и Црна Гора, како членка. Тоа е главниот концепт за нас“.

Изјави заменик командантот на НАТО командата за воздушно распоредување, Роберто Ди Марко.

Министерот за одбрана на Црна Гора, Предраг Бошковиќ изрази задоволство од помошта на земји членки на НАТО во контролата на воздушниот простор на неговата земја.

„Се чувствуваме одлично, побезбедно, чувствуваме дека навистина припаѓаме во сојуз на 29 земји, еднакви и на иста маса“.

Грчките и италијанските борбени авиони и натаму ќе бидат стационирани во своите земји, а секогаш кога ќе биде потребно ќе го контролираат воздушниот простор на Црна Гора.

Црна Гора стана членка на НАТО во 2017-та и има свои трупи во НАТО мисијата во Авганистан, а дава и финансиска подршка за авганистанските безбедносни сили.

Црна Гора има околу 650 илјади жители, а околу 2000 војници и воен персонал.