Павел: Ако се реши името на Македонија ќе и требаат 6 месеци за влез во НАТО
Чешкиот генерал Петр Павел, кој е и шеф на воениот комитет на НАТО во разговор за Радио Слободна Европа изјави дека единствената пречка за членството на Македонија во НАТО останува спорот за името со Грција. Според него, ако се реши прашањето ќе бидат потребни месеци, можеби и половина година за да се заврши процесот.