Матис: не сакаме да бидете запрени на прагот на НАТО
Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис на средбата во Пентагон со македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска ја потврди поддршката на САД за влез на Македонија во НАТО. Тој го поздрави и, како што рече, отпорот на Македонија кон руското злонамерно влијание на Балканот.