Министерството за животна средина и простороно планирање (МЖСПП) во моментов нема сознанија за нелегално складирање на опасен отпад во Македонија. Оттаму за РСЕ велат дека навремено ќе постапат при евентуални такви сознанија.
Недостатокот од добро развиен систем за менаџирање со опасниот отпад, но и со отпадот генерално, е наведено во бројни студии, состојба која ја потврдуваат и од Министерството за животна средина, наведувајќи дека институциите немаат капацитет да го спроведат законот.
„Потребата за соодветно управување со опасниот отпад е тесно поврзана со реструктуирање на производствените процеси кои се одговорни за постапувањето со отпадот кој го генереираат како и со реализација на регионалните планови за управување со отпад“, вели портпаролката на МЖСПП Беса Татеши.
Што е опасен отпад?
Опасен отпад е тврд, течен или гасовит материјал кој повеќе не се употребува и има потенцијал да нанесе штета на човековото здравје, животните или животната средина, велат познавачи.
„Опасниот отпад е посебен вид на отпад кој бара посебен третман и посебни начини на постапување со него, бидејќи за разлика од комуналниот тој предизвикува токсичност, канцерогеност, запаллив е, радиоактивен и сл. Тој има доста опасни својства за животната средина“, вели Блаже Јосифовски – извршен директор на граѓанската организасија „Ајде Македонија.“
Во Планот за затворање на нестандардните депони во Македонија се вели дека управувањето со отпадот е еден од најсериозните еколошки проблеми, а депонијата Дрисла во Скопје е единствената која е релативно добро управувана.
За ситуацијата во Македонија со депонирањето во документот се вели дека во седумдесетите години имало 34 комунални депонии, кои служеле претежно за целите на урбаните области, а по 1996 година создадени се уште 20 нови комунални депонии.
Во студијата е наведено отстранувањето варира „исто толку драматично колку и повеќето други аспекти на работењето.
„Во повеќето случаи собраниот отпад е едноставно фрлен на отворен простор, на падините на планинскиот рид или долж брегот на реката во близината на градот. Целиот отпад што вклучува индустриски отпад, опасен медицински отпад и отпад од домаќинствата е измешан и оставен на истото место“, се вели во документот.
За количествата на опасен отпад во Македонија постојат различни податоци. Од Министерстото за животна средина, повикувајќи се на Студијата за депонирање на опасен отпад, велат дека индустријата на годишно ниво генерира вкупно над 14 илјади тони опасен отпад.
„Имајќи ги во предвид количините на опасен отпад кој се генерираат во земјата јасно е дека истите се премногу мали за да може да биде економски изводлив третманот на сите видови опасен отпад кој се содаваат во Македонија, особено имајќи ја во предвид политиката во повеќето од земјите членки на ЕУ, каде има притисоци од страна на отворен и конкурентен пазар на отпадот“, велат од Министерството.
Но, според Планот за управување со отпад во Македонија главните количества на опасен отпад од околу 75,500 тони годишно се создаваат од двата најголеми металургиски индустриски капацитети: топилницата Злетово ако работи и железарницата Макстил, кои се отстрануваат на индустриска депонија.
Според овој документ, помалите создавачи на опасен отпад создаваат дополлнително околу 2400 тони опасен отпад годишно.
„Проблематично е што иако државата детектира поголеми количини на опасен отпад, сепак не наоѓа кои се тие што не постапуваат согласно регулативата. Ако кажеме дека од индустријата официјално имаме 75 илјади тони опасен отпад кој годишно се генерира и завршува на индустриски депонии, дополнително отпад во поголеми количини што доаѓа од рударсто, не знаеме точно каде оди, што се прави со него и зошто не се евидентира, а ископите на руди и минерали во Македонија се во страшна експанзија“, вели Јосифовски.
Јавноста ги нема точните бројки за опасниот отпад, вели Јосифовски истакнувајќи дека дури и онаму каде што е познато што се случува со различните под видови на опасен отпад, не се постапува соодветно.
„Одличен пример за тоа е мдицинскиот оптад. Иако државата знае дека секоја година се создаваат илјадници тони на медицински отпад, иако се собираат 20 до 30 проценти, сепак не се наоѓа за сходно да се најде зошто другите останати 70 проценти не се собираат и кои се тие установи кои што тоа не го прават. Треманто на медицинскиот отпад е еден од главните проблеми кој беше детектиран и во Скопје. Нажалост цел медицински отпад доаѓа во Скопје“, вели Јосифовски.
Проблемот со индустрискиот отпад
Во Македонија се идентификувани 16 контаминирани локации, односно жешки точки. Во некои од нив има присуство на тешки метали кои сериозно ја загадувааат животната средина.
За овој проблем професоор Трајче Стафилов од Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје направи истражувње, врз основа на долгогодишна научна работа.
Стафилов ги истржаувал загадувањата од индустриските активности на целата територија на Македонија. За истражувњето, од 1000 локации се земени 2000 примероци на почва, со што е утврдена дистрибуцијата на 40 хемиски елементи во почвата и направена е слика за загадувањето со тешки метали.
Земени се и примероци на моф, како најдобар биоиндикатор на загадувањето на воздухот, но и примероци од главните речните сливови во Македонија.
„Од сите тие истражувања можеме да кажеме дека во Македонија имаме области каде што имаме интензивно загадени почви, што се реперкуира и на загадување на воздухот со пренос на таква прашина. Исто така имаме индустриски депонии кои се најчесто историски, од минатото, кога не се водело грижа за загадувањето и кога законските норми не биле на тоа ниво, како сега за да се спречи депонирање на таков опасен отапд кој е во енормно големи количества и кој бара решенија“, вели Стафилов.
Од вкупно 16, три еколошки жешки точки се наоѓаат во главниот град Скопје: депонијата на фабрикта „Охис“, „Окта“ и „Макстил“, главно поради нивните депонии кои загадуваат.
„Преку европскиот проект за изработка на Стратегија на отпад во 2005 година, се изработи стратегијата, во која се вклучи и секторот за индустриски отпад, при што се дефинирани 16 жешки точки како резултат на постоење на депонии со опасен отапд, за кои ЕУ дополнително финансираше проекти за изработка на физибилити студии, односно претпроектни студии за петте најкритични локации. Можам да кажам дека оттогаш наваму нема сериозни зафата од надлежните за решавање на овие проблеми“, вели Стафилов.
На прашањето какви активности во моментов презема Министерството за животна средина за решавање на проблемот со жешките точки, оттаму посочуваат на изработените студии, но и на други проекти за санација на загадувањата од индустријата.
„Санациски мерки се спроведени во депонијата во Јегуноце. За намалување на загадувањето од шестовалентен хром, континуирано работи перчистителната станица. Трошоците за работата на пречистителната станица ги покрива Министерството за животна средина и просторно планирање, во рамките на својот буџет.
Во однос на депонијата на ОХИС, од Министерството за животна средина велат дека одобрен е проект од страна Глобалниот еколошки фонд за деконтаминација на дел од контаминираната почва со линдан за период од 5 години.
„Сумарно, од проектот се обезбедени 3.100.000 долари грант од ГЕФ, а оперативните трошоци во висина од 4.965.000 долари ќе бидат обезбедени од страна на Владата“, велат од Министерството.
Тревога во Србија поради откриен опасен отпад
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Додкеа Македонија има прблем со загадувањето од историското индустриско загадување, Србија ја интензивира акцијата за откривање депонии со токсичен отпад. Такви ги има многу, бидејќи некои фирми илегално се ослободуваат од него за да ги избегнат големите давачки за негово отстранување. Неодамна на еден имот во градот Панчево беа најдени десетици 'рѓосани буриња и неколку контејнери, полни со темна, мрсна течност. Станува збор за складирани околу 100 тони опасен отпад.
Гоце Атанасов
Српските власти го открија ова место во март годинава заедно со уште едно големо количество отпад зацементиран во ѕидовите на блиската фабрика за тули. Низа слични откритија предизвикаа тревога во Србија, каде што, се верува, слабо обезбедениот индустриски отпад може да претставува долгорочна опасност за животната средина и здравјето на луѓето.
„Оваа ситуација која произлегува од повеќе децениското занемарување, корупција и економско распаѓање е „драматична“, вели српскиот министер за заштита на животната средина Горан Триван.
„Драматична е логиката исклучително токсични материи да закопувате во сопствена земја од каде што еден ден ќе се храните, веројатно. Така што не можам да го разберам тој агол на негрижа спрема сопствената животна средина, спрема сопствените животи. Затоа е драматично“.
Проблемот е во фокусот на јавноста, бидејќи Србија и другите балкански држави се приближуваат кон Европската унија, чекор што во краен случај ќе бара нивните стандарди за заштита на животната средина да бидат во согласност со оние на Унијата.
Бидејќи Србија нема сопствени капацитети за преработка, опасниот отпад мора да се извезува во Австрија, Романија и Швајцарија. Испораките се скапи, па затоа некои производители и компании за управување со отпад илегално се ослободуваат од остатоците од производството.
Триван вели дека загриженоста е резултат на едноставна математика. Србија секоја година генерира од 130.000 до 220.000 тони опасен отпад.
„Бројките зборуваат дека тоа е многу сериозно количество, дека станува збор за илјадници тони и затоа нашата акција никогаш нема да заврши“.
Според него, еден од начините за решавање на проблемот е да се засили владиниот надзор и да се воведат построги казни за сторителите, истовремено охрабрувајќи ги приватните инвеститори во управувањето со отпадот.
Јавната кампања ги поттикна граѓаните да пријавуваат места каде што се сомневаат дека се складирани токсични материјали.
Анѓелка Михајлов, експерт за животна средина вели дека не може да се процени штетата што ја крие токсичната опасност за луѓето и животната средина.
Тоа зависи од видот на супстанциите и каде и како се складирани.
„Во секој случај опасните отпади се многу загрижувачки за здравјето на луѓето доколку со нив не се постапува на еколошки одговорен начин.“
Министерот Триван признава дека неговата земја заостанува најмалку 25 до 30 години во заштитата на животната средина, но е оптимист дека таа наскоро ќе биде чиста и здрава.
Закони има, потребна е имплементација
Можна ли е промена на состојбата со промена на регулативата. Познавачите посочуваат оти потребна е промена на законите, но според нив најважна е имплементацијата.
„Ние ги имплементираме сите нови регулативи на ЕУ, но она што не го имплементираме се новите пракси. Ние едно имаме на закон, а друго имаме на терен, не само за опасен отпад, туку за сите видови отпад, а нажалост за сите области на живеењето во Македонија“, вели Јосифовски.
Од Министерството велат делка со новиот Закон за минерални суровини, индустрискиот отпад ќе може да се даде под концесија.
„Во тој поглед МЖСПП во соработка со Министерството за економија и другите релевантни институции, контактира со инвеститори заинтересирани за преработка на отпадот во жешките точки и за нивна ремедијација. Согласно Законот за минерални суровини, во тек се постапките за доделување на некои жариштата под концесија“, велат од Министерството.