Еврокомесарот Јоханес Хан по дводневните средби со политичари и претставници на граѓанското општество, од Скопје заминува уверен дека сите се посветени на националната цел - европската перспектива на земјата. Во изјавата што ја даде пред неговото заминување рече дека целта на неговата посета била да се осигура и да добие гаранции од сите клучни играчи дека се посветени на европската перспектива.
„Бев повторно уверен од лидерот на партијата Груевски дека исто така и ВМРО-ДПМЕ се многу посветени на европската перспектива и ќе играат конструктивна улога“, рече Хан.
Еврокомесарот со партиската делегација на опозициската партија предводена од Груевски се сретна вчера. Во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека соопштија дека меѓудругото тие му пренеле дека локалните избори биле едни од најлошо организираните и дека се случиле работи што не доликувале и се коселе со вредностите на земја аспирант за Европската унија.
„Гледаме подобрување во оваа област. Како што сме многу посветени на владеењето на правото, независноста на судството, сметам дека ова е соодветно адресирано од релевантните институции и сите коментари и препораки од ОДИХР, не само дека ќе бидат прочитани, исто така ќе бидат земени предвид и по нив ќе биде постапено“, рече Хан.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Позитивна препорака во февруари
И додека очекувањата од опозицијата се да биде конструктивна, од сите очекува да бидат фокусирани на ургентните реформски приоритети. Како такви еврокомесарот ги наброја реформите во судството, во разузнавачки служби и администрацијата. Ако се реализира тоа неговите очекувања се позитивна препорака од Европската унија во февруари, па почеток на преговорите идната година.
За проблемот со името еврокомесарот немаше посебен коментар, наведувајќи дека е премногу рано за да се коментира конкретно, но ги поздрави контакти меѓу Македонија и Грција и мерките за доверба и договорот за добрососедство со Бугарија кој рече дека очекува да биде ратификуван во Собранието. Политичарите се избрани да наоѓаат решенија и да прават добри компромиси, порача еврокомесарот.
„ЕУ за тебе“
Утрото Хан го почна со посетата на Агенцијата за вработување и промоцијата на кампањата „Веруваме во тебе, вложуваме во тебе, ЕУ за тебе“. Со автобус на кој е испишана оваа порака, тој заедно со министрите за труд и социјала и за финансии Мила Царовска и Драган Тевдовски, вицепремиерот Бујар Османи и евроамбасадорот Самуел Жбогар од Агенцијаата пристигна до амбасадата на Европската унија. Тука ја промовираше кампањата за помошта на унијата вредна 35,7 милиони евра дадена за вработувања, образование и социјална инклузија во периодот од 2007 до 2013 година. Задоволен сум што сега можеме нашето внимание да го тргнеме од кризни прашања и да се посветиме на активности, кои се насочени кон иднината, нагласи Хан.
Тој наведува и дека во иднина ќе бидат посветени на кампањи, со кои ќе им помагаат пред сè на младите.