Трамп: Северна Кореја не смее да се толерира

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Доналд Трамп: Ким Џонг Ун е итар

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лидерот на Северна Кореја е итар, но оти Соединетите Држави остануваат решени да ги отстранат нуклеарните закани од таа земја. Тој додаде дека смета на поддршката на Кина во решавањето на ова прашање.

Претседателот Трамп во интервју за телевизиската мрежа Си Би Ес оцени дека Ким Џонг Ун е итар бидејќи успеал да ја наметна својата власт и покрај младоста и амбициите на другите високо рангирани офицери во земјата.

„Луѓето се прашуваат дали тој е нормален. Не знам. Го наследи татко му на 26 или 27 години и има работа со амбициозни луѓе, како што се генералите. Млад е, а сепак успеа да ја задржи власта“, рече тој.

Трамп изрази уверување дека сигурно многумина сакаат да ја преземат власта од лидерот на Северна Кореја, но оти сепак Ким Џон Ун успеал да опстане, што значи дека бил итар.

Говорејќи за севернокорејската ракетна и нуклеарна програма тој изјави дека не е уверен оти таа земја поседувала, како што рече „многу добри ракети“, но оти Соединетите Држави, заедно со нивните сојузници во Азија, и Кина не смеат ни да дозволат да се случи тоа.

Северна Кореја во саботата тестира балистичка ракета, но безупсешно. Поради овие проби Пјонгјанг е под меѓународни санкции.

Со поранешните разолуции на Обединетите нации и е наложено на Северна Кореја да ги прекине нуклаерните активности и програмата за производство на балистички ракети.

Во интервјуто за Си Би Ес Трамп повтори дека Кина би можело да го оркестирала хакирањето на мејловите на Демократската партија за време на ланската претседателска кампања.

Тоа е спротивно на наводите на американските разузнавачи дека Русија стоела зад овие хакирања.

Трамп во интервју за телевизијата Си Би Ес всушност уште еднаш го повтори она што го тврдеше за време на дебатите со демократскиот ривал Хилари Клинтон.

Тој пред неговата инаугурација за претседател во јануари годинава беше брифиран од американските разузнавачи во врска со ова пршања по што изјави:

„Што се однесува до хакирањето, мислам дека тоа беше Русија“.