Достапни линкови

Мала, но растечка веројатност за светска војна


Пентагон, во извештајот објавен вчера, предупреди на „мала, но растечка“ веројатност САД да бидат вовлечени во војна со другите светски воени сили, како Русија и Кина, предвидувајќи дека последиците би биле огромни.

Веројатноста за американската вмешаност и војна со голема сила е мала но таа расте, се наведува во извештајот на Националната воена стратегија 2015 на американското министерство за одбрана.

Последниот извештај на Пентагон во 2011 година зборуваше малку за Русија, но тоа беше пред руската анексија на Крим во минатата година и нејзината поддршка на бунтот кој предизвика смрт и раселување на десетици илјади луѓе.

Натаму се вели дека Русија постојано демонстрира оти не го почитува суверенитетот на нејзините соседи и дека е подготвена да примени сила за остварување на своите цели.

Пентагон укажува на присуството на руски војници во конфликтот во Украина, иако Москва негира дека има распоредено своја војска во источниот дел на Украина за поддршка на сепаратистичките бунтовници.

Последниот извештај на Пентагон во 2011 година зборуваше малку за Русија, но тоа беше пред руската анексија на Крим во минатата година и нејзината поддршка на бунтот кој предизвика смрт и раселување на десетици илјади луѓе.

Во извештајот на Националната воена стратегија за оваа година се вели дека и Кина е исто така се повеќе агресивна и заканувачка за безбедносните интереси на САД. Имено Кина ги подига тензиите во Азиско – Пацифичкиот регион со проекти поврзани со спорните области во јужното кинеско море со цел зголемување на военото и цивилно присуство на оваа земја во регионот.

„Денеска глобалната безбедност е понепредвидлива од она што го имавме во изминативе 40 години“, наведе генерал Мартин Демпси шеф на Заедничкиот генералштаб во извештајот на Националната воена стратегија 2015.

Денеска глобалната безбедност е понепредвидлива од она што го имавме во изминативе 40 години

Освен тоа другите воени сили брзо ги шират софистицираните технологии со цел да ја намалат технолошката предност на САД, вели генерал Демпси.

Во извештајот се нагласуваат и растечките капаците на нуклеарните и балистички проектили на Иран и Северна Кореја, кои се наоѓаат на листата земји кои претставуваат "сериозна закана за безбедноста" на Америка и нејзините сојузници.

Натаму во извештајот на „Националната воена стратегија 2015“ на американското министерство за одбрана се наведува дека насилните екстремистички групи како „Исламската држава“ се спојуваат за да ги користат лесно достапните технологии за војна со цел со нивните радикални идеологии да дестабилизираат цели земји и региони.

"Глобалото нарушување" е во пораст, се наведува во извештајот Американската армија сепак и натаму е најсилна во светот, со годишен буџет од околу 6 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG