Достапни линкови

Опасни воени игри на Истокот на Европа


Воени игри на Истокот на Европа
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:46 0:00

Опасни воени игри на Истокот на Европа

Руското министерство за надворешни работи изрази надеж дека нема да се оствари американскиот план за стационирање тенкови и тешко оружје во земјите членки на НАТО кои граничат со Русија. „Се надеваме дека ќе можеме да спречиме нова воена конфронтација со опасни последици“, се наведува во соопштението.

Претходно весникот „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на сојузнички извори, јави дека Вашингтон планирал да стационира тешка воена опрема во Балтичките и источноевропските земји како гаранција дека ќе биде одбиена секаква акција на Русија слична како онаа во Украина. Полска и Литванија потврдија дека веќе разговарале со Вашингтон за разместување тенкови и тешко оружје.

Но, другите земји се претпазливи, страхувајќи дека ќе се најдат во средината на нова трка во вооружување меѓу Соединетите држави и Русија.

„Ако американска воена опрема, вклучувајќи тенкови, артилерија и друго, навистина се најде во источна Европа, тоа ќе биде најагресивен потег на Пентагон и на НАТО од Студената војна“, изјави претставникот на руското министерство за одбрана Јури Јакубов, додавајќи:

Ваквиот предлог на Вашингтон, според посматрачите, би можело да предизвика тензии во НАТО, односно меѓу земјите кои се за поцврст одговор за руските акции во Украина и оние што сметаат дека Москва не би требало да се предизвикува со натамошни воени потези.

„Русија ќе нема друга опција од зголемување на своите сили на западниот стратегиски фронт.“

Тоа, според него значи распоредување на ракетните системи „Искандер“ во Калининград, руската енклава меѓу Полска и Литванија, како и во Белорусија.

Пентагон соопшти дека разместувањето на тешкото оружје ќе има единствена цел подобра обука на сојузничките сили што пак е во рамките на долгорочната стратегија на НАТО.

Поголемиот дел од опремата и војниците ќе бидат сместени во балтичките земји, додека околу 750 војници ќе бидат лоцирани во Полска, Романија, Бугарија и можно Унгарија.

Ваквиот предлог на Вашингтон, според посматрачите, би можело да предизвика тензии во НАТО, односно меѓу земјите кои се за поцврст одговор за руските акции во Украина и оние што сметаат дека Москва не би требало да се предизвикува со натамошни воени потези.

За разлика од Полска и Балтичките земји, предлозите за постојано воено присуство на НАТО во источна Европа се блокирани од Германија и некои други членки на Алијансата.

Иако НАТО ги интензивира воените вежби и почна да ротира војници и да поставува командни штабови во регионот, некои посматрачи оценуваат дека ваквите потези не биле доволни за загрижените балтички земји и Полска. Тие наводно барале гаранциите да дојдат од Соединетите држави.

На минатогодишниот самит на НАТО во Велс беше постигнат договор за разместување на опрема во источна Европа, но со сегашниот план Пентагон оди понатаму од договореното.

Тој, според дел од посматрачите, би можело да ги принуди некои земји поранешни членки на Варшавскиот договор, а кои сега се во НАТО како Унгарија и Бугарија да мораат да направат непријатен избор.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG