Достапни линкови

Северна Кореја тестирала хидрогенска бомба


Северна Кореа тестирала хидрогенска бомба
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:49 0:00

Северна Кореа тестирала хидрогенска бомба

Северна Кореја денеска соопшти дека извела прва успешна проба на, како што е наведено, „минијатурна“ хидрогенска бомба. Тоа претставува значителен напредок на воените можности на таа изолирана земја што ја алармира меѓународната заедница. За некои станува збор за последен повик за будење.

Тоа е четврта нуклеарна проба на Северна Кореја и покрај санкциите на Обединетите нации. Од друга страна тоа претставува голем чекор напред во развојот на севернокорејската воена нуклеарна програма.

Државната телевизија ја покажа и наредбата за пробата која е потпишана од лидерот Ким Џонг Ун.

Минатиот месец тој изјави дека неговата земја развила хидрогенска бомба што е чекор понапред од помалку моќната атомска бомба.

Тоа наиде на сомневање кај Соединетите Држави, а некои аналитичари не се уверени дека најновата проба била со хидрогенска бомба.

Според силата тешко е да се поверува дека станува збор за вистинска хидрогенска бомба. Можеби тестирале некаква направа меѓу атомска и хидрогенска бомба.
Јанг Ук, јужнокорејски Форум за безбедност.

„Според силата, тешко е да се поверува дека станува збор за вистинска хидрогенска бомба. Можеби тестирале некаква направа меѓу атомска и хидрогенска бомба“, вели Јанг Ук од јужнокорејскиот Форум за безбедност.

Претходно неколку земји регистрирале земјотрес со умерена сила во близина на местото во Северна Кореја кое е познато по изведување нуклеарни тестови.

Таму последен пат била изведена проба на атомска бомба во 2013 година при што бил регистриран земјотрес од 5,1 степени, што било исто како и сегашниот потрес.

Како и да е, наводите дека станува збор за минијатурна направа која може да биде монтирана на ракета, претставува нова закана за Соединетите Држави и нивните сојузници во регионот, Јапонија и Јужна Кореја.

Овие три земји го осудија кршењето на резолуциите на Обединетите нации од страна на Северна Кореја, а за денеска веќе е најавена вонредна седница на Советот за безбедност која најверојатно ќе биде зад затворена врата.

Пјонгјанг е под санкции на Обединетите нации уште од првиот тест на атомска бомба во 2006 година и може да се соочи со нови мерки. Пјонгјанг изведе проби и во 2009 и во 2013 година.

Северна Кореја соопшти дека нема да се откаже од нејзиното нуклеарно оружје се додека, како што се наведува, Соединетите Држави ја продолжуваат агресивната политика.

Во соопштението на севернокорејската новинска агенција се додава дека Пјонгјанг ќе се однесува како одговорна нуклеарна сила која нема да користи нуклеарно оружје доколку не биде загрозен нејзиниот суверенитет.

Иако долго време се очекуваше на оваа четврта нуклеарна проба, таа сепак ја изненади меѓународната заедница.

Шефот на меѓународно тело за набљудување на планираната забрана на нуклеарните проби, Ласина Зербо, изјави дека тоа претставува сериозна закана за меѓународниот мир и безбедност и оти е последен повик за будење за целосна забрана на нуклеарните проби во светот.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG