Достапни линкови

Филмот „Интервју“ урива рекорди во он-лајн гледање


Филмот „Интервју“ урива рекорди во он-лајн гледање
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:46 0:00

Филмот „Интервју“ урива рекорди во он-лајн гледање

Филмот, од 24-ти декмеври досега го симнале од интернет над 4 милиони луѓе. Истовремено, околу 580 театри низ Северна Америка го прикажувале „Интервју“.

Филмот на Сони, „Интервју“, провокативна комедија за Северна Кореја, само за две недели преку он лајн гледање, заработи 31 милион долари, соопшти компанијата Сони Ентертејмент Пикчрс.

Филмот, од 24-ти декмеври до 4-ти јануари го симнале од интернет над 4 милиони луѓе. Истовремено, околу 580 театри низ Северна Америка го прикажувале филмот „Интервју“.

Поради овој филм, Сони во ноември беше изложен на масивен сајбер напад, кој според Соединетите Држави, бил изведен од страна на Северна Кореја. Нападот речиси ја разори компјутерската мрежа на Сони Пикчрс и доведе до многу непожелни мејлови и хакирање на необјавени филмови.

Многу кина и театри се воздржаа од прикажување на фломот „Интервју“ страхувајки заканите од хакерите.

Извршниот директор на Сони, Казуо Хираи им оддаде признание на сите вработени и партнери за огромните напори во отстранувањето на хакерските напади.

Мислам дека Сони Пикчрс Ентертајмент, поранешните и сегашните вработени, беа изложени на еден од најмасовните и најнепријатните сајбер напади во поновата историја. Но, горд сум што сите работеа неуморно за да се овозможи прикажувањето на филмот „Интервју“.

Сакам да нагласам дека слободата на говорот, слободата на изразувањето се главното мото на Сони и на целокупниот наш бизнис.

  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG