„Давеникот се фаќа за сламка, обидувајќи се да го повлече народот во граѓанска војна за да се спаси од одговорноста за тиранијата и криминалот кои веќе го повлекоа на дното“, ја коментира Стојан Ангелов изјавата на Груевски во која најавува жесток одговор на ВМРО-ДПМНЕ, а и на народот, ако СДСМ се обидел на неделовнички начин да назначи претседател на Собранието.
Младен Марковиќ смета дека Груевски осетил дека и неговите дпмнеовци не сакаат да излегуваат на протести „освен оние кои се дебело платени“ – вели, „па мора некако да ги заплаши да излезат! Излези Грујо на ТВ дуел!!“ – бара Младен Марковиќ.
Неџат Џамбази постирал: „Овој пат нема да ви оди со народот... народот одлучи да одиме напред кон ЕУ и НАТО ... “ Мирјана Шаровска, меѓутоа, напишала: „Нема влада со Тирански, странски, постизборни платформи! Не гласавме за неа!“
Интервјуто на Груевски за белградски „Блиц“ исто така предизвикало недоброј коментари на нашата Фејсбук страница. Спасе Прентоски го коментира делот каде што поранешниот премиер кажува дека со новата администрација во Вашингтон имале блиски односи: „Зошто лажеш, Грујо, ама те разбирам, така си навикнал, инаку никој не ти верува, ни Европа ни Америка, само твоите партиски војници вработени со партиски книшки и оние бизнисмени кои се офајдиле од вас па ги бранат личните интереси“. Горан Новко смета дека ВМРО-ДПМНЕ сака репете избори, го сака, вели, ДУИ „со и без платформа, ја сака власта по секоја цена, дури и кога цената би била војна, сака власт само за да го укине СЈО и толку“. Петар Јовановски се шегува: „Трамп во предизборната програма не кажа дека ќе ја напаѓа Сирија. Грујо, треба да организираш протести против Трамп, на нови избори да оди... “ Џезми Џезо Џезо постирал: „Да, и тебе ќе ти намигне Трамп, како на твојот Ѓорѓе што му намигна Обама, хахахах... “ а Карада Барди коментира: „Патолошки преварант... и кога не збори лаже... и лаже и гледа во камера, ова не го може секој!“
Нашите фанови продолжуваат да ги коментираат и протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“, за кои РСЕ редовно информира и прави директни преноси на својата веб-страница. Има негативни и позитивни, во зависност кој на која партија е член или симпатизер. Како покарактеристични ги издвојуваме постовите на Тахир Ридаров: „Само во Македонија се брани криминал, никаде на друго место“; и постот на Луие Митревски: „Тажни луѓе. При очи слепи при уши глуви. Дно, понижени“.