Тоа особено ако се има предвид дека нивниот кандидат Хилари Клинтон има предност над републиканскиот ривал Доналд Трамп.
Трамп ја пофали одлуката, оценувајќи дека тоа покренува сериозни прашања за тоа дали на Клинтон може да ѝ се верува како претседател. Клинтон, пак, само неколку часа по објавувањето на веста рече:
„Ние сме 11 дена од можеби најважниот национален избор на нашите животи. Императив е Бирото да го објасни ова прашање, какво и да е, без одлагање“, рече таа.
Освен неа и многумина демократи, вклучувајќи и членови на Конгресот, побараа од директорот на ФБИ Џејмс Коми да обезбеди целосно објаснување за истрагата што је презел за тоа што Клинтон користела приватен сервер за електронска пошта.
Лидерот на демократите во американскиот Сенат Хери Рид изјави дека Коми можеби го прекршил законот со тоа што обелоденил дека неговата агенција водела истрага за новооткриени мејлови кои евентулано биле поврзани со истрагата за приватната електронска пошта на Клинтон.
Рид упати писмо до Коми во кое се наведува дека таканаречниот „Хеч Акт“ забранува функционери да ја користат нивната позиција за да влијаат врз изборите.
Извори блиски на истрагата соопштија дека најновите пораки биле откриени како дел од посебна истрага против Ентони Вајнер, сопруг на Хума Абедин.
Вајнер поранешен демократски конгресмен од Њујорк, е целта на истрагата зе нелегални текстуални пораки испратени до 15-годишно девојче во Северна Каролина.
Бирото не открива ништо за пораки на Абедин, вклучувајќи и тоа дали некои од пораките биле испратени од или до Клинтон.
Во врска со новооткриените пораки, Клинтон изјави:
„Јас сум убедена дека какви и да се, тие нема да го променат заклучокот постигнат во јули“, рече таа.
Случајот со приватната електронска пошта на Клинтон додека беше американски државен секретар беше затворен во јули годинава без да биде покренато обвинување против неа.
„Кога ќе бидеш нокаутиран, она што е важно е дали ќе станеш повторно“, изјави Клинтон.
Таа и Трамп се во тесна трка за Флорида, државата која одигра клучна улога во изборите меѓу Ал Гор и Џорџ Буш во 2000 година.
Веб сајтот RealClearPolitics, кој ги следи повеќето големи анкети, во неделата покажа дека Клинтон води пред Трамп во просек за 4 процентни поени.
Сепак, повеќето од анкетните испитувања биле спроведени пред или само неколку часа по објавувањето на новата истрага на ФБИ.