На Атина и се дадени три месецида најде лек за проблемот. Во извештајот на Европската унија спроведен во ноември се наведува дека Грција не вршела добра регистрација на мигрантите кои од Турција влегуваат во таа земја.
„Во извештајот особено се утврдува дека не постои ефикасна идентификација и регистрација на илегалните мигранти и дека отпечатоците на прстите не биле систематски документирани во патните исправи“, рече потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис.
Претходно неколку источно европски членки на Унијата оценија дека Грција не успева да ги заштити надворешните граници на Шенген зоната.
Дел од нив најавија дека ќе преземат чекори Бугарија и Македонија да бидат отсечните точки за мигрантите доколку Атина не биде способна да се справи со бранот мигранти и бегалци. Слични критики дојдоа и од Австрија.
Над 2 илјади луѓе минуваат од Грција во Македонија секојдневно. Ако ова процедура биде забавена или стопирана тоа ќе има тешки последици врз Грција.
Притисокот врз Грција се зголеми откако белгискиот државен секретар за миграција Тео Франкен ја изнесе идејата Грција како казна да биде принудена на нејзина територија да угости илјадници мигранти.
„Грција мора да сноси последици“, рече тој, додавајќи дека станува збор за кампови за 300 илјади бегалци кои таму би биле привремено сместени.
На ова Грција остро реагираше. Портпаролот на владата Олга Геровасили ги обвини грчките партнери за префрлање на вината и оти не соработуваат во решавањето на најголемата мигрантска криза од Втората светска војна.
„Обидот да се изолира Грција не е конструктивен“, изјави таа, наведувајќи дека министрите за внатрешни работи на состанокот во понеделникот заклучиле оти Турција го држи клучот за справување со кризата.
Европската гранична агенција Фронтекс деновиве оцени дека Егејското море, каде што секојдневно гинат луѓе, не може да биде оградено.
„Во тек е своевидно блефирање меѓу земјите на Унијата“, вели францускиот професор Анри Лабајл за Франс прес, наведувајќи дека Грција не може да се обвинува за недоволно справување со границата кога се наоѓа во тешка економска криза.
На исто мислење е и Филип Леклерк претставник на Високиот комесаријат за бегалци во Грција.
„Над 2 илјади луѓе минуваат од Грција во Македонија секојдневно. Ако ова процедура биде забавена или стопирана тоа ќе има тешки последици врз Грција“, вели тој.
Во изминативе месеци Австрија, Германија, Данска, Шведска, Франција и Норвешка воведоа времени гранични контроли.
„Постои голем страв во Европа што води кон еднострани потези на земјите“, изјави грчкиот министер за миграции Јанис Музалас, обвинувајќи ги членките на Унијата дека воопшто не и помагаат на Атина.