Во некои училишта екстерното тестирање не почна навреме, бидејќи повторно се појавија истите технички проблеми со системот. Матурантите кои полагаа во првиот термин и чекаа еден час и 15 минути за да се надмине проблемот, не се изненадени, но остануваат незадоволни како и минатата година, бидејќи постојниот модел, како што велат, е полн со нелогичности.
Ние сме од 11часот. Системот паднал околу 9, во првиот термин што бил. Нема што да коментираме целиот систем е катастрофа.Матурант од средното училиште Јосип Броз Тито во Скопје.
„Ние сме од 11часот. Системот паднал околу 9, во првиот термин што бил. Нема што да коментираме целиот систем е катастрофа“, вели матурант од средното училиште Јосип Броз Тито во Скопје.
Екстерното тестирање како процес кој никој не го сака и натаму се полага без да ги вклучи забелешките на кои укажавме минатата година и да ги отстрани согледаните грешки во прашањата, вели Симона Туфегџиќ од Средношколскиот Пленум
„Има многу неправилности во прашањата и има многу од материјалот што треба да го учат во второ полугодие, додека Албанците имаат проблеми со прашањата, бидејќи во Тетово учат од албански книги, а прашањата им се давани од македонски книги.“
Во прашање се набрзина направени реформи во образованието кои не обезбедуваат квалитет, а проблемите со системот исто така ги отежнува работите со овој процес, дополнува Туфегџиќ.
„Надлежните се упорни со оваа реформа, иако гледаме дека не функционира. Иако тврдат дека го унапредуваат, тие всушност го уназадуваат целиот систем, бидејќи пак ги имаме истите проблеми со кои ниту тие, ниту ние не може да се справиме.“
Александар Канурков директор во средното економско училиште Васил Антевски Дрен од Скопје, вели дека годинава се корегирани прашања, а проблемот со системот бил надминат.
„Нека заврши екстерното целосно на 28 ќе имаме конечен дел како било. Но според првичните сознанија со учениците на мислење сме и ние и тие дека има доста измени кои се во нивна корист.“
Меѓутоа професор Горица Илиоска од средното училиште Никола Карев не мисли така.
„Како може во стручните училишта да нема учебник, а да полагаат матуранти. Хемија нема учебници во средното медицинско училиште.
И тоа изборни се тие предмети. Хемијата им е основа. Како да кренавме раце и се помиривме со она што ни се случува.“
Екстерното тестирање минатата година беше причина за масовни протести, но владата остана на ставот дека нема да се откаже од него.