Спортот во Куманово во подем, на Салата ѝ треба реновирање

Спортската сала во Куманово.

Спортската сала во Куманово, која до пред извесно време била најголема во државава, бара реновирање и уредување, согласно времето во кое се одвиваат спортските настани, тренинзи или натпревари.

Спортот во Куманово е во подем, особено што има повеќе приватни школи за разни спортови. Спортската сала меѓутоа, која до пред извесно време била најголема во државава, бара реновирање и уредување, согласно времето во кое се одвиваат спортските настани, тренинзи или натпревари.

Ако гледаме преку Кошаркарскиот клуб „Куманово“, а со оглед на тоа што и најповеќе има публика на кошаркарските натпревари, а Куманово важи и за кошаркарски град, успешни сме. Иако, во Куманово имало и успеси во боксот, во ракометот и во други спортови. Минатата година игравме финале за првак на држава по 10-15 години и од тој аспект можеме да кажеме дека сме успешни.
Бранислав Јовановски, директор на Спортската сала во Куманово.

Според Бранислав Јовановски, директор на Спортската сала, таа треба да биде во надлежност на локалната самоуправа, бидејќи со затворениот базен во изградба и близина на тенискиот терен би се заокружил спортски комплекс.

Бранислав Јовановски, директор на Спортската сала во Куманово.

Јовановски е и претседател на Кошаркарскиот клуб „Куманово“, а како некогашен активен спортист и поддржувач на спортот, за актуелната состојба во спортот вели дека Куманово било, е и ќе биде со заслужениот префикс град на спортот.

„Ако гледаме преку Кошаркарскиот клуб „Куманово“, а со оглед на тоа што и најповеќе има публика на кошаркарските натпревари, а Куманово важи и за кошаркарски град, успешни сме. Иако, во Куманово имало и успеси во боксот, во ракометот и во други спортови. Минатата година игравме финале за првак на држава по 10-15 години и од тој аспект можеме да кажеме дека сме успешни“, вели тој.

Спортската сала не може никој да си ја однесе дома. Ако ја реновира која и да е политичка гарнитура салата ќе остане на градот. Ова беше најголема сала пред да се изградат „Борис Трајковски“ и во Аеродром во Скопје. Со само 50 до сто илјади евра за реновирање оваа сала пак ќе биде една од најубавите во Македонија.
Бранислав Јовановски, директор на Спортската сала во Куманово.

Јовановски додава дека и ракометарките се успешни, при тоа задржувајќи се на екипите кои тренираат во Спортската сала. Според него, неуспех е што машкиот ракомет е многу слаб, а и боксот исто така е запоставен.

„Има само еден вљубеник во боксот, тоа е една боксерска екипа „Фајтер“, кој сам се финансира и оди на разни ревии, турнири. Инаку, нема ништо“, вели Јовановски.

Во Куманово има два клуба во футсал, „Ројал“ и „Биџо“. „Ројал“ останал во првата, а „Биџо“ се натпреварува во втората лига.

„Ако зборуваме за успешноста, можеби на младите спортисти, можам да кажам дека спортот во Куманово е во подем. Она што не сме го имале порано, сега имаме многу приватни школи во фудбал, ракомет, кошарка, одбојка. Има голем број млади луѓе кои сакаат да се занимаваат со спорт. Имаше тука фудбал за женски, јас се изненадив кога на првиот тренинг видов 40-ина девојчиња кои сакаат да спортуваат. Има надеж дека спортот во Куманово уште повеќе ќе се развива преку младински лиги и натпревари. Има многу натпревари во салата“, вели Јовановски.

Кумановци кои често ги посетуваат спортските натпревари во Спортската сала имаат забелешки дека во објектот ништо не е инвестирано, се чини од неговото пуштање во употреба. Јовановски, кој 13 години е директор, откако ја земал салата под концесија, појаснува дека тогашното Јавно претпријатие за стопанисување со спортски објекти не функционирало поради финансиски проблеми.

„Тогаш ни беше кажано дека ако ја земеме Спортската сала таа ќе заживее. Тоа се покажа веќе за година-две. Останатите спортски објекти што останале речиси пропаднале, а потоа се дадени на локалните самоуправи. Изминатите години бевме во состојба да размислуваме дали на вработените кои се од самиот почеток на салата треба да им се овозможи плата, егзистенција или да ги оставиме на улица. Ќе ви кажам дека без никаква помош за 13 години само за плати на вработените се дадени околу 450 илјади евра“, вели тој.

Градоначалникот и локалната самоуправа финансираат одредени успешни клубови според предвидените критериуми. Јовановски вели дека од 2007-та година за да им излезе во пресрет на тие спортски екипи Општината Куманово ги пратила бесплатно да тренираат во салата. За разлика од нив, сите приватни школи редовно си ги плаќаат услугите.

„И сега дојдовме во ситуација да ни се исклучи електричната енергија, што се надевам дека за кусо време ќе се среди. Долгот од 2007-та година кон ЕВН е 40 милиони денари, но на 60 рати. Тој долг се сервисираше, а три-четири месеци немавме можност да плаќаме и затоа нè исклучија“, вели тој.

Јовановски е дециден дека тука нема никаква политика, долг си е долг, и тој треба да се плати. Тој е оптимист за надминување на овој проблем, а за одржување и реновирање на салата има индиции Општината да ја земе во надлежност.

„Спортската сала не може никој да си ја однесе дома. Ако ја реновира која и да е политичка гарнитура салата ќе остане на градот. Ова беше најголема сала пред да се изградат „Борис Трајковски“ и во Аеродром во Скопје. Со само 50 до сто илјади евра за реновирање оваа сала пак ќе биде една од најубавите во Македонија“, вели тој.