Прехранбени производи, пијалоци во ресторани и таверни, такси превоз, автобуски и бродски превоз, се само дел од производите и услугите кои што делумно поскапеа во Грција, по зголемувањето на данокот на додадена вредност од 13 на 23 проценти. Но македонските туристи кои ќе летуваат во грчките плажи велат дека поскапувањето нема сериозно да се одрази врз нивниот планиран буџет за одмор. Тие објаснуваат дека веќе уплатиле за туристички аранжмани и повисоките цени за десетина проценти нема да им ги промени плановите, но за секој случај ќе си понесат повеќе пари со нив.
Не, нема да ми ги промени плановите, иако ќе летувам во Грција. Зависи каде летувате во Грција, јас ќе летувам во хотел, и за мене е исто, веќе имам уплатено аранжман, така што ништо битно нема да ми промени.Анкетиран граѓанин.
„Не, нема да ми ги промени плановите, иако ќе летувам во Грција. Зависи каде летувате во Грција, јас ќе летувам во хотел, и за мене е исто, веќе имам уплатено аранжман, така што ништо битно нема да ми промени.“
„Не, не игра никаква улога, и вака и така би оделе во Грција“, велат анкетираните граѓани.
Туристите кои уплатиле за полн пансион во хотели нема да го почувствуваат поскапувањето, слично е и со камперите кои поголем дел од храната си ја носат од Македонија, додека, пак помладите туристи кои посетуваат почесто дискотеки, таверни и ресторани ќе треба да си понесат повеќе пари, вели поранешниот претседател на туристичката стопанска комора Ангел Иванов. Тој објаснува дека просечниот македонски турист кој летува во Грција, за дополнителни трошоци кои се надвор од сместувањето и превозот, не издвојува повеќе од 15 евра на ден.
Нивните вонпансионски трошоци се навистина просечни, не се богати, не се неограничени, десет отсто можно поскапување и нема да биде драматично за неговиот престој.Ангел Иванов, поранешен претседател на Стопанската комора за туризам.
„Нивните вонпансионски трошоци се навистина просечни, не се богати, не се неограничени, десет отсто можно поскапување и нема да биде драматично за неговиот престој. Зависи најмногу каков вид на турист е, може е помлад, сака дискотека, сака забава, сака можеби аква парк или слично, но тоа се мал број на туристи, така што цената не засегнува голем број на туристи и не засегнува големи цифри, што се однесува до македонскиот турист.“
Иванов посочува дека од грчката криза ќар ќе имаат туристите во регионов, затоа што е зголемена понудата на поевтини аранжмани во „последна минута“, поради откажувањата на западноевропските туристи кои стравуваат од економската нестабилност на Грција.
„Да не претерам ама илјада легла се нудат дневно со попусти, е сега тие илјада легла не можеме веднаш да ги дистрибуираме на нашите клиенти, бидејќи обратно, побарувачката не е со таков интензитет со каков што е понудата. Одѕивот е многу слаб на таквите аранжмани, бидејќи повеќе или помалку сите си го одбрале годишниот одмор, го планирале и буџетот и одморот и мислам дека тие понуди нема да доживеат големо прифаќање.“
Зголемувањето на данокот за хотелските услуги ќе почне да се применува од октомври годинава. Од македонските туристички агенции велат дека немаат најави за зголемување на цените на аранжманите кои што со вклучена храна.