Законот со кој се воведуваат зголемување на даноците и реформи во пензискиот систем, како и други мерки, беше усвоен со 229 гласа „за“ и 54 „против“ во парламентот кој има 300 места.
38 пратеници на партијата на премиерот Алексис Ципрас се воздржаа или гласаа против, вклучувајќи ги тука министерот за енергетика Панајотис Лафазанис и поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис.
Ципрас изјави дека Грција немала друг избор од прифаќање на тешките услови од кредиторите.
„Имавме многу специфичен избор. Договор со кој главно не се согласуваме или хаотичен банкрот. Не верувам дека мерките ќе и помогнат на грчката економија, но отворено ви кажувам дека мора да ги спроведеме“, изјави тој по што доби огромен аплауз од поголемиот дел од неговите сопартијци.
Дали сметате дека оваа, како што велите уцена е вистинска или измислена? Ако мислите дека е измислена тогаш јас сум отворен за алтернативни опции за да одиме напред. Но, ако верувате дека е вистинска тогаш не постои друга опција од онаа сите ние да го споделиме товарот на одговорноста.Алексис Ципрас, премиер на Грција.
Сепак, дел од нив пакетот реформи го оценија како уцена. Екс министерот Варуфакис кој не гласаше против, туку само ја напушти салата, оцени дека пакетот претставува нов Версајски договор. Станува збор за договор со кој од Германија се бараа огромни репарации по нејзиниот пораз во Првата светска војна.
„Дали сметате дека оваа, како што велите уцена, е вистинска или измислена? Ако мислите дека е измислена тогаш јас сум отворен за алтернативни опции за да одиме напред. Но, ако верувате дека е вистинска, тогаш не постои друга опција од онаа сите ние да го споделиме товарот на одговорноста“, рече Ципрас.
По седницата на парламентот, министерот за енергетика Лафазанис изјави дека ќе ја напушти функцијата ако тоа го побара премиерот.
„Алексис Ципрас е премиер на оваа земја бидејќи го избра народот. Го поддржуваме иако гласавме против договорот“, изјави тој.
Непопуларните реформи се неопходни за расчистување на патот за почеток на преговорите на Атина со европските лидери околу новиот финансиски пакет од 86 милијарди евра.
Дури и со одобрувањето во грчкиот парламент, земјите членките на еврозоната не можат да ги почнат преговорите со Грција за новиот пакет, бидејќи тој мора да биде одобрен од нивните парламенти.
Ако договорот биде прифатен, земјите од еврозоната треба да обезбедат меѓу 40 и 50 милијарди евра. Преостаната сума треба да дојде од Меѓународниот монетарен фонд, како и од продавање на грчкиот државен имот и од финансиските пазари.
За време на расправата во парламентот илјадници луѓе демонстрираа против новите мерки за штедење. Притоа дојде и до судири со полицијата.
Група од двесте момчиња фрлаа молотови коктели и камења врз полицијата, која одговори со солзавец. Притоа биле приведени десетина демонстранти.