Викер во врска со обвинувањата на Москва дека САД организирале протести и револуции во Ерменија, Грузија, Украина и Македонија одговара дека не е необично за руската влада да води систематска пропаганда за дискредитација на САД.
„Па, јас ќе ви одговорам вака: Ние поздравуваме отворено и транспарентно откривање на ставовите на заинтересираните организации, на кои ќе им биде дозволено да влезат во овие подрачја и да ја кажат вистината онака како што тие ја гледаат. Сепак, не е невообичаено за руската влада да иницира систематска пропаганда, а таа во тоа е многу успешна, за да ги дискредитира Соединетите Американски Држави и земјите кои се посветени на транспарентност, владеење на правото и слобода на одлучување“, изјави американскиот сенатор Роџер Викер.
Тој во Интервјуто за Арабана Видишиќи од Косовската редакција на РСЕ, наведе дека не е изненаден од руската пропаганда и кршењата на речиси сите принципи на Завршниот хелсиншки акт и на Повелбата на Обединетите нации.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Русија и Србија не ја признаваат независноста на Косово, а рускиот претседател Владимир Путин дури ја користи независноста на Косово како оправдување за анексијата на Крим. Прашањето до американскиот сенатор Викер е дали Балканот, како што многумина велат, е нов „терен за игра“ на рускиот претседател Владимир Путин?
„Ќе ви кажам дека целата историја на Путин Е таква што тој се користи само изговори за тоа што го работи, без оглед на тоа дали станува збор Јужна Осетија, цела Грузија или насилство кое се прави повеќе од една и пол година во источна Украина. Секогаш има оправдување. И сето ова е побиено и се покажа како неточно, а Обединетите Нации, Парламентарното собрание на ОБСЕ и други имаат усвоено голем број на резолуции“, изјави Викер, порачувајќи дека рускиот народ не треба да чувствува непријателство кон американскиот народ, Европската Унија и членките на Европската унија. Ние како луѓе кои ја сакаат слободата сакаме да бидеме пријатели со рускиот народ, рече американскиот сенатор.
Според него, проблемот со регрутирањето на борци за Исламската држава на Балканот и на западната хемисфера е што се дозволи вакуУм за оваа група да се оформи. Тој се согласи дека е потребна поголема присутност на САД на Балканот во борбата против радикализмот.