Достапни линкови

Вашингтон разгледува разни опции за Украина


Вашингтон разгледува разни опции за Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:38 0:00

Вашингтон разгледува разни опции за Украина

Американскиот претседател Барак Обама планира во текот на претстојниот викенд да ги повика европските лидери да не ги олеснуваат санкциите против Русија поради кршењето на примирјето во источна Украина. Во меѓувреме, Вашингтон најавува преиспитување на можните одговори спрема Москва.

Заменик советникот за национална безбедност на Соединетите Држави Бен Роудс, изјави дека е многу важно санкциите да останат и оти треба време тие да ги донесат посакуваните ефекти.

Всушност ова ќе биде пораката што претседателот Барак Обама ќе им ја пренесе на своите колеги на самитот на Групата седум индустриски развиени земји кој почнува в недела во близина на германскиот град Минхен.

Веќе втора година по ред руските потези во Украина фрлаат сенка врз самитот на Г7.

Лани од состанокот на оваа група беше исклучен рускиот претседател Владимир Путин во знак на протест поради кризата во Украина каде што загинаа над шест ипол илјади луѓе.

Мора да го држиме притисокот за да го покажеме дека имаме трансатлантско единство и дека цената ќе продолжи да расте за Русија.
Бен Роудс, заменик советникот за национална безбедност на САД.

Официјални претставници на Белата куќа велат дека се загрижени поради ненадејното повторно избувнување на насилствата во источна Украина во изминативе денови и покрај санкциите против Москва и спогодбата за прекин на огнот, постигната пред четири месеци во Минск, Белорусија.

„Мора да го држиме притисокот за да го покажеме дека имаме трансатлантско единство и дека цената ќе продолжи да расте за Русија“, изјави Роудс.

Европските лидери мора наскоро да решат дали да ги прошират своите санкции спрема Русија. Но, според дел од аналитичарите, доколку не дојде до значителна ескалација на кризата, некои европски земји не се заинтересирани за поостри казни врз Русија.

На состанокот на Групата 7 во замокот Елмау во Баварија на Обама ќе му се придружат и лидерите на Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Канада и Јапонија.

Обама претходно ќе има билатерални средби со германскиот канцелар Ангела Меркел и со британскиот премиер Дејвид Камерон, додека премиерите на Канада и на Јапонија ќе ја посетат Украина.

Во меѓувреме, новинската агенција Асошиетед прес јави дека американската администрација ја преразгледувала целокупната политика спрема Русија поради инволвираноста на Москва во украинската криза, нејзината анексија на Крим, но и поради други потези за кои Вашингтон смета дека би можело да водат до судир во Европа.

Пред извесно време американскиот секретар за одбрана Еш Картер изрази загриженост поради руското кршење на спогодбата од 1987 година за нуклеарните ракети од среден дострел.

Русија негира дека ја крши спогодбата и обвинува дека тоа го направиле Соединетите држави со подигањето на ракетната одбрана во Европа.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG