Достапни линкови

Украина под колосална закана, предупреди Порошенко


Украинскиот претседател Петро Порошeнко денеска имаше годишно обраќање пред Парламентот.
Украинскиот претседател Петро Порошeнко денеска имаше годишно обраќање пред Парламентот.

Украинскиот претседател рече дека украинската војска треба да биде подготвена за инвазија долж целата граница со Русија. Кремљ вели дека Киев провоцира, а ЕУ повика да се почитува договорот од Минск.

Украинскиот претседател Петро Порошнеко денеска предупреди од колосална закана по безбедноста на неговата земја, особено во источниот дел. Порошeнко денеска имаше годишно обраќање пред Парламентот. Говорот доаѓа на само еден ден по големите борби меѓу владините сили и сепаратистите во источна Украина, први во последните месеци.

Европската унија изрази загриженост дека борбите може да предизвикаат нови насилства и страдање. ЕУ исто така предупреди дека иднината на санкциите кон Русија ќе зависи од спроведувањето на мировниот договор, познат како Минск II.

Во моментот има околу 9 илјади руски војници во Украина и украинската војска треба да биде подготвена за инвазија долж целата граница со Русија.
Петро Порошенко, претседател на Украина.

Украинскиот претседател рече дека во моментот има околу 9 илјади руски војници во Украина и дека украинската војска треба да биде подготвена за инвазија долж целата граница со Русија.

Претходно украинскиот воен портпарол Андриј Лушенко изјави дека во вчерашните борби во Марјинка во близина на Доњецк најмалку пет украински војници биле убиени, а уште 39 повредени. Според него во борбите загинале и 80 бунтовници, а повеќе од 100 се повредени, но неговата изјава не може да биде независно потврдена.

Доњецк.
Доњецк.

Според официјален Киев, сепаратистите со тенкови и артилерија се обиделе да ги заземат владините позиции, со што се крши мировниот договор склучен во февруари.

Бунтовниците, пак, велат дека владините трупи се виновни за борбите и соопштуваат дека во нив се убиени 15 цивили и сепаратисти.

Насилните борби во Марјинка во близина на Доњецк во источниот дел на Украина претставува најсериозна повреда на прекинот на огнот што произлезе од договорот во Минск во февруари.
Маја Кочијанчич, портпаролка на Европската комисија.

Набљудувачката мисија на ОБСЕ соопшти дека забележале десетина тенкови и други оклопни возила на бунтовниците во областите на сепаратистите кои се движело кон Марјинка пред и за време на борбите.

Украинската војска вчера соопшти дека ги предупредиле меѓународните партнери дека морале да употребува тешко оружје за да се справат со околу 1.000 бунтовници, а исто така и со тенкови, артилерија и монофрлачи.

Украински војник.
Украински војник.

Договорот од Минс под закана

Според договорот во Минск, двете страни се обврзаа да не користат тешка артилерија за да се создаде демилитаризирана зона меѓу областите кои се под сепаратистите и владините сили.

Европската унија ги повика сите страни да се придржуваат до мировниот договор.

Украинската страна досега повеќе пати презела чекори да ги зголеми тензиите во пресрет на некои големи меѓународни настани.
Дмитри Песков, портпарол на руската влада.

„Насилните борби во Марјинка во близина на Доњецк во источниот дел на Украина претставува најсериозна повреда на прекинот на огнот што произлезе од договорот во Минск во февруари", изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Кочијанчич.

Кремљ - Киев провоцира

Денеска портпаролот на Кремљ Дмири Песков го обвини Киев дека провоцираат нови борби за да створат притисок кон Европската унија за да ги зголеми санкцитте против Русија. Унијата за санкциите треба да одлучува овој месец.

„Украинската страна досега повеќе пати презела чекори да ги зголеми тензиите во пресрет на некои големи меѓународни настани, вели Песков. Тој додава дека руската страна е сериозно загрижена од манифестацијата на тие активности сега.

Рускиот министер за нанадворешни работи Сергеј Лавров рече дека договорот од Минск моментално е под закана поради акциите од страна на властите во Киев.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за норвешкото национално радио денеска изјави дека засега не гледа закана за ниту една членка на НАТО, но дека борбите и анексија на Крим, борбите во источна Украина, како и тие во Грузија во 2008 говорат дека Москва е подготвена да употреби сила за промена на границите на Европа.

Столтенберг додадe дека целта на НАТО се уште е соработка со Русија и оти тоа е од корист и на НАТО и на Русија.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG