Кери по четири часа разговарал одвоено со Путин и со Лавров и за иранските нуклеарни преговори, како и за страдањата на цивилите во Јемен и Либија.
По средбата двајцата министри ги акцентираа позитивните страни и покрај фактот што американско руските односи се на најниско ниво од крајот на Студената војна, во голема мера поради Украина криза.
„Му благодарам на претседателот Путин што посвети толку значајно време за ова прашање, за директното и детално објаснување на руската позиција во врска со начините за решавање на предизвиците“, изјави Кери.
Тој потенцира дека договорите од Минск се најдобриот пат за решавање на кризата во источна Украина и оти тие треба да бидат спроведени.
Му благодарам на претседателот Путин што посвети толку значајно време за ова прашање, за директното и детално објаснување на руската позиција во врска со начините за решавање на предизвиците.Џон Кери, државен секретар на САД.
„Ако и кога Минск ќе биде целосно спроведен јасно е дека санкциите на Соединетите Држави и Европската унија ќе почнат да бидат повлекувани“, рече Кери.
Односите меѓу Вашингтон и Москва се влошија откако Русија го анектира украинскиот полуостров Крим во март лани и ги поддржува проруските сепаратисти во источна Украина.
Москва, пак, го обвинува Вашингтон за оркестрирање на соборувањето од власт на украинскиот претседател кој беше поддржан од Русија.
Кери се сретна со Лавров и Путин во Сочи што беше прва американска посета на толку високо ниво на Русија од почетокот на украинската криза кон крајот на 2013 година.
Се согласивме да го искористиме влијанието на Соединетите држави и на Русија врз страните во конфликтот да изнаоѓаат и постигнуваат договори за практично спроведување на се што е договорено во Минск.Сергеј Лавров, министер за надворешни односи на Русија.
Шефот на руската дипломатија Лавров повтори дека и покрај сегашните разлики, и Москва и Вашингтон се уверени дека украинската криза мора да биде решена на мирен начин.
„Се согласивме да го искористиме влијанието на Соединетите Држави и на Русија врз страните во конфликтот да изнаоѓаат и постигнуваат договори за практично спроведување на се што е договорено во Минск“, рече Лавров.
Тој забележа дека и двете страни во Украина не го почитуваат примирјето со оглед на тоа што не го повлекуваат оружјето.
Лавров по средбата на Кери со Путин дека Москва и Вашингтон се согласиле оти е неопходно да избегнуваат потези кои би можело натамошно да ги влоши односите меѓу двете земји.
Кери на Твитер напиша дека имал „искрени разговори со Путин и Лавров за Украина, Сирија и Иран“ и оти е важно да се зачува отворена линијата на комуникација меѓу Соединетите држави и Русија за сите глобални прашања.
Пред почетокот на средбата Лавров му дал на Кери кошници со домати и компири веројатно како алузија на руската одлука да забрани увоз на прехранбени продукти од Европа како одговор на западните санкции.