Резултатот од надворешното оценување на квалитетот на работата во училиштата наиде на сомничави коментари на Наставничкиот пленум, кој прашува каква е таа проверка на знаењето, кога реформите што се прават се со лош квалитет. Кога ќе добијат вистинска слика за некое училиште, оценувачите треба да изработат акциски план на мерки што би требало натаму да се работи за да се подобрат тие институции.
Ако мене лично ме прашувате, ова не е лоша, туку е добра оценка, затоа што образованието ни е уште полошо од оваа оценка, почнувајќи од условите до информатиката, технологија и просторните услови.Владо Димовски, Наставнички пленум.
Целта не треба да биде казнување на наставниците, туку да им се помогне на училиштата во надминување на проблемите со кои секојдневно се соочуваат, вели Владо Димовски од Наставничкиот пленум, кој изнесе низа забелешки на квалитетот на условите за работа во училиштата.
„Ако мене лично ме прашувате, ова не е лоша, туку е добра оценка, затоа што образованието ни е уште полошо од оваа оценка, почнувајќи од условите до информатиката, технологија и просторните услови. Таквата одговорност мора да си ја преземе Министерството за образование, не може да ја сведе таа одговорност на директорите на училиштата и на наставниците и професорите“, вели тој.
Ние учиме суштина зошто некој нешто направил, а тие нам што ни поставуваат.Моника Пешевска, средношколка од гимназијата Раде Јовчевски - Корчагин.
Минатата оценка беше 3,6, а сега е 3,26.
Најдобри постигнувања на екстерното тестирање на општинско ниво имаат Центар со 4,59, Вевчани со 4,58, Аеродром со 4,44, Карпош со 4,40 и Кисела Вода има 4,26.
Она што го прави значително поголем проблемот од лошите оцени се лошите прашања, коментираат дел од средношколците.
Средношколскиот пленум, уште додека траеше екстерното тестирање, го оцени како проект кој има огромен број недостатоци. Сето тоа беше прикажано преку низа примери во врска со прашањата, како и проблеми со паѓање на системот. Оваа година беше ставен акцентот на формулацијата на прашањата, затоа што имаше чудни прашања, вели Моника Пешевска, средношколка од гимназијата Раде Јовчевски - Корчагин.
„Странецот е лектира за четврта година. И кога ова дело го работевме, имаше дел каде се укажува колку пати ликот пукнал во друг лик. Поентата на тоа пукање е да се укаже дека човекот станал нечовек, дека станал машина која не размислува што прави, а прашањето за екстерното тестирање беше колку пати пукнал и имаше понудено одговори - петпати, четирипати, трипати, двапати. Тоа беше предмет на исмејување за да го исмееме екстерното тестирање. Ние учиме суштина зошто некој нешто направил, а тие нам што ни поставуваат“, вели таа.
Со оглед на сите слабости што го следат екстерното тестирање, Наставничкиот пленум се закани со иницијатива пред Уставниот суд за оспорување на измените на законите за основно и средно образование во делот на екстерното оценување и казните и наградите за наставниците.
„Вие сами гледате, според резултатите од екстерното, најдобра општина е Центар - најурбаната општина, а кога ќе ги погледнете резултатите во руралните општини, тоа е катастрофа“, коментира Димовски.