Еден месец кампување - Енергијата спласнува, нервозата расте

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

По еден месец кампување, што се смени?

Помина еден месец откако беа поставени двата кампа, по митинзите на опозицијата и на власта. Еден месец потоа жителите и на двата кампа посакуваат решение на ситуацијата.

Енергијата спласнува, нервозата расте. За разлика од пред две до три недели кога кај жителите на камповите пред Владата и Собранието беше многу поголемо расположението да разговараат со медиумите, сега тие многу ретко се решаваат јавно да ги изнесат своите ставови, упатувајќи дека за тоа се задолжени партиските координатори.

Ние нема да отстапиме додека тие не се тргнат. И понатаму ќе доаѓаме и снег ако паѓа тука ќе бидеме. Ако отстапи СДСМ, ќе отстапиме и ние и ако се смири ситуацијата мислам дека ќе биде подобро и за двете партии.
Анкетиран граѓанин од кампот пред Собрание.

Жителите на кампот т.н. „Чувари на демократијата“ спроти Собранието на Македонија, утринава слушаа народна музика и играа оро. Многумина од нив не беа расположение за разговор на тема какви се ефектите по еден месец кампување. Тие само кусо одоговараа дека посакуваат решение на ситуацијата.

„Ние нема да отстапиме додека тие не се тргнат. И понатаму ќе доаѓаме и снег ако паѓа тука ќе бидеме. Ако отстапи СДСМ, ќе отстапиме и ние и ако се смири ситуацијата мислам дека ќе биде подобро и за двете партии“, вели жител од кампот пред Собранието.

Антивладин камп пред македонската влада во Скопје.

Слична беше атмосферата и во кампот пред зградата на Владата. На дождливото време камперите слушаа музика, а можеше да се забележи дека беа во значително помал број од претходните денови. Оние што прифатија да зборуваат рекоа дека од Владата зависи до кога ќе кампуваат.

„Нема план. До кога ќе треба да се охрабрат да заминат, тоа не зависи од нас!

Како нема ефект! Ние се дружиме тука, се спријателуваме, покажуваме дека им даваме храброст да се повлечат, да признаат дека згрешиле. Како нема ефект? Ние не сме дојдени тука за проблем.
Ѓорги Евров од кампот пред Влада.

РСЕ: Има ли некаков ефект од кампувањето?

„Како нема ефект! Ние се дружиме тука, се спријателуваме, покажуваме дека им даваме храброст да се повлечат, да признаат дека згрешиле. Како нема ефект? Ние не сме дојдени тука за проблем“, вели Ѓорги Евров од кампот пред Влада.

Еден од ефектите на кампувањето е одржувањето на првата средба меѓу лидерите на власта и опозицијата, вели друг жител на кампот пред Владата. Па потоа договорот од Пржино и средбата во Брисел, вели тој.

Луѓе играат оро во провладиниот камп пред македонското Собрание во Скопје.

„Иако не е постигнат конечен договор, има голем напредок. Ако се сеќавате на конгресот во Куманово премиерот рече дека не доаѓа во предвид да се рапишуваат избори, значи премиерот прифати да се одржат избори. Самото тоа потврдува дека оваа власт е нелегитимна. Следен исчекор е направен што во Брисел има согласност да премиерот три месеци пред одржувањето на изборите да се пасивизира. И тоа е голем напредок и очекуваме во наредните денови да се одржи уште една средба и да видиме какви ќе бидат резултатите.“

Инаку помина еден месец откако беа поставени двата кампа, откако беа одржани двата големи митинага на опозицијата и власта на 17 и 18 мај. Жителите од кампот пред Владата велат дека доколку преговорите не донесат резултат, опозицијата како што најавил и нивниот лидер, ќе ги радикализираат мерките и активностите.