Средношколците од сите средни училишта во земјава денеска го полагаа првиот дел оддржавната матура. Ова е последна година, матурантите да полагаат според стариот концепт, кој предвидува математиката да биде изборен предмет, а полагањето во писмена форма. Одлуката на Министерството за образование и наука е следната година математиката да биде задолжителна за матурантите, а испитот во неколку делови да го полагаат електронски.
Секако дека постои надеж кај нас. Ние од септември пак би почнале со протести, со бојкот ако е потребно и со било каков вид на отпор доколку не би се направил договор и доколку не бидат исполнети нашите услови.Ѓорги Ставриќ, средношколец.
Токму воведувањето на ваквиот концепт, како и полагањето на екстерното тестирање беа причина средношколците на почетокот на април да започнат со бојкот на наставата. Тие организираа и низа протести и маршеви, а поставија и камп спроти Министерството. Сепак надлежните не попуштија и не ги прифатија нивните барања.
И покрај тоа учениците од Средношколскиот пленум сметаат дека енергијата во бојкотот и протестите не била залудно вложена. Ѓорги Ставриќ од скопската гимназија Јосип Броз Тито вели дека докажале оти нема да останат неми на лошите реформи и дека не е изгубена надежта за постигнување договор.
„Секако дека постои надеж кај нас. Ние од септември пак би почнале со протести, со бојкот ако е потребно и со било каков вид на отпор доколку не би се направил договор и доколку не бидат исполнети нашите услови. Пленумот е автохтона организација која се бори за правата на учениците и тоа е наша должност, кога Министерството има еден таков игнорантски однос“, вели Ѓорги Ставриќ.
Ние кога го собиравме кампот упативме апел и покана до Министерството да се обиде овие три месеци да го однесе образованието кон подобро и мислам дека ќе се вразуми и ќе направи нешто од септември да имаме подобро образование.Александар Милевски, средношколец.
И Александар Милевски од гимназијата Ѓорги Димитров верува на подобрувања во образовниот систем до почетокот на следната учебна година.
„Сега имаме нови измени на Законот за средното образование, коишто се лоши и не водат кон подобро образование. Ние кога го собиравме кампот упативме апел и покана до Министерството да се обиде овие три месеци да го однесе образованието кон подобро и мислам дека ќе се вразуми и ќе направи нешто од септември да имаме подобро образование. Инаку, ако нешто не се преземе, стартот на учебната година од први септември ќе биде доведен во прашање.“
За тврдата позиција на претставниците на Министерството за образование и наука, поранешниот министер за образование Сулејман Рушити вели дека вообичаена барањата за дополнителни објаснувања секогаш кога се воведуваат промени во некоја област. Но, тој смета дека последните измени и дополнувања што Владата ги спроведува во образовниот процес, не се во согласност со логиката и стандардите на земјите на Европските унија, каде Македонија сака да се приклучи.
„Таквите одлуки на Владата воопшто немаат за цел подобрување на квалитетот на образованието, туку имаат за цел како и некои други мерки во други сфери, дефокусирање на јавноста од реалните проблеми и мислам дека како такви во едно идно време, во таа идна предна влада, па и владата после изборите да се разгледаат, да се дискутираат и секако да се поправат сите тие одлуки кои се контрапродуктивни“, вели Рушити.
Над 11 илјади средношколци како задолжителен предмет утринава полагаа македонски јазик и литература, над 5 ипол илјади албански и околу 400 ученици полагаа турски јазик и литература. До крајот на месецов, учениците треба да го комплетираат државниот испит со испитите по странски јазик, математика и останатите предмети од природните и општествените науки.