Бројот на читателите на книги од сите жанрови се зголемува во Куманово, според податоците од Градската библиотека „Тане Георгиевски“, вели директорката Нада Ивановска. Овој тренд продолжува, без оглед што луѓето многу време поминуваат на социјалните мрежи или пак пред телевизиските екрани следејќи разни сапуници. Тоа е добро, вели Ивановска, но според неа, сепак не е доволно, оти книгата е еден од најдобрите пријатели на човекот.
Ние како вработени во ваква културна институција каде што центар на работа ни е книгата секогаш се трудиме и настојуваме да привлечеме што поголем број корисници на библиотечните фондови.Нада Ивановска, директорка на Градската библиотека „Тане Георгиевски“ во Куманово.
Најбројни читатели секако се основците и средношколците, студентите, меѓутоа зад нив многу не заостануваат ниту останатите граѓани, меѓу кои и невработените.
„Ако ме прашате колку се чита во Куманово,како библиотекар, ќе кажам недоволно. Навистина недоволно и ние како вработени во ваква културна институција каде што центар на работа ни е книгата секогаш се трудиме и настојуваме да привлечеме што поголем број корисници на библиотечните фондови“, вели Ивановска.
Таа појаснува дека последните три-четири години бројот на корисниците на библиотечните фондови е зголемен, како и на посетителите на библиотеката. Минатата година биле остварени околу 50 илјади посети на Одделот за децата и за возрасните, што е за три ипол илјади повеќе од претходната година.
Читам најчесто љубовни романи, ги земам од Градска библиотека.Анкетиран граѓанин.
„Или по работен ден имаме 187 посети на библиотеката, што може да се толкува како прилично успешно.“
Бројот на читателите бележи благ пораст. Во текот на 2014-та во однос на 2013-та година за над триста читатели бројот е зголемен.
Според Ивановска ова веројатно се должи на редовно збогатување на книжниот фонд, така што љубителите на книгата можат да добијат книги од сите жанрови и на јазиците на сите етникуми и странски јазици.
„Во текот на минатата година купени се, добиени како подарок, донирани се 5.050 нови книги или 1.687 наслови“, вели Ивановска .
Според неа се повеќе луѓето се враќаат на книгата. Можеби тоа се должи и на бројните промоции на новите наслови, а не е исклучено дека граѓаните се заситиле од електронските медиуми.
Библиотеката е опремена и со стручна литература, која на корисниците им е на располагање во модерна читална.
Колку читаат книги некои од запрашаните кумановци велат дека не се членови во библиотеката, но затоа пак купуваат книги.
„Читам. Омилен писател ми е Робен Шарм. Ги купувам во „Матица“ во Скопје.“
„Читам најчесто љубовни романи, ги земам од Градска библиотека.“
„Најмногу сакам да читам романи.“
„Не, слабо. Немам време“, велат запрашаните граѓани.