Достапни линкови

Книгата како форма секогаш ќе живее


Во време кога технологијата овозможува пристап до сè и сешто, па дури и до виртуелни пријателства, книгата може да преживее во својата традиционална форма и во иднина да се смета како пријател кој никогаш не го издава читателот.

Дали во ерата на интернетот и современата комуникологија кога секоја информација, па и едукација луѓето ги врзува за компјутерот, имаат ли кумановци желба и време да земат книга в рака? И додека техниката и технологијата овозможуваат пристап до сè и сешто, па дури и до виртуелни пријателства и разни препораки, книгата може да преживее во својата традиционална форма и во иднина да се смета како пријател кој никогаш не го издава читателот.
Нада Ивановска, директорка на Народната библиотека „Тане Георгиевски“ во Куманово.
Нада Ивановска, директорка на Народната библиотека „Тане Георгиевски“ во Куманово.
Нема период кога помалку или повеќе се доаѓа во библиотеката или кога повеќе или помалку се зајмува книга за читање. Постојано доаѓаат нашите корисници за барање книги. Можеме да говориме за прашањето дали е тоа доволно читање или не, а ние како библиотекари секогаш се стремиме да имаме што повеќе читатели, односно секогаш стремиме да имаме што повеќе корисници на нашите фондови.
Нада Ивановска, директорка на Народната библиотека „Тане Георгиевски“ во Куманово.

Нада Ивановска, директорка на Народната библиотека „Тане Георгиевски“ во Куманово вели дека фондот на книгите е над 187 илјади библиотечни единици од сите области и жанрови, а бројот на евидентираните читатели е над три илјади. Според неа, и покрај новиот начин на живот, љубителите на книгата не ги менуваат своите навики во однос на читањето.

„Нема период кога помалку или повеќе се доаѓа во библиотеката или кога повеќе или помалку се зајмува книга за читање. Постојано доаѓаат нашите корисници за барање книги. Можеме да говориме за прашањето дали е тоа доволно читање или не, а ние како библиотекари секогаш се стремиме да имаме што повеќе читатели, односно секогаш стремиме да имаме што повеќе корисници на нашите фондови.“

Ивановска додава дека најбројни се основците и средношколците кои во текот на учебната година бараат книги за лектира, а во зимските и летните распусти повеќе слободна литература.
Секако, Чинго, Славко Јаневски, од поезијата Шопов секогаш ми е инспиративен, секогаш во нив има нешто ново во нив да се открие.
Анкетиран граѓанин.

„Останатите структури читатели, граѓаните кои редовно читаат книги повеќе бараат книги лете кога се подготвуваат за одмор, без оглед дали ќе останат дома или ќе патуваат некаде, книгата секогаш им е добар другар.“

РСЕ: Дали интернетот ја намалува заинтересираноста за книгите?

„Има свое влијание, младите го користат интернетот. Но има и позитивно влијание, па на интернетот се наоѓа секаков вид информација на друг начин, по електронски пат.“

Кумановци кои читаат книги велат дека за нив годишното време нема никакво влијание. Главно читаат пред спиење, но најповеќе време на книгата можат да ѝ посветат кога се на одмор или за викендите. Од запрашаните се има впечаток дека женската популација повеќе ги сака книгите:

„Читам во летниот период. Во последно време позитивна психологија. Инаку бестселери, а класиците одамна се прочитани.“

„Читам навечер. Книгите се читаат секогаш, повеќе во зимскиот и есенскиот период и лете кога си на одмор. Ги читам класиците, моментално го читам Ниче.“

РСЕ: Имате ли некој автор од современите македонски писатели на чии дела се навраќате почесто?

„Секако, Чинго, Славко Јаневски, од поезијата Шопов секогаш ми е инспиративен, секогаш во нив има нешто ново во нив да се открие“, велат анкетираните кумановци.

Поради неможноста да ги издадат своите дела, многу автори во последно време ги ставаат во електронска форма на интернет. Може ли традиционалната книга да изумре? За ова директорката Ивановска вели:

„Не верувам дека книгата некогаш ќе изумре во својата традиционална форма. Поинакво е задоволството кога книгата се чита во хартија меѓу корици, а поинакво е кога се чита во електронска форма, поинаку ако ја бараш на интернет. Верувам дека книгата ќе живее секогаш.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG