Без оглед на моќта и влијанието на современата технологија и електрокомуникацијата, вистинските љубители на книгата не се откажале од стариот начин на читање, велат во кумановската библиотека „Тане Георгиевски“. Тие додаваат дека бил забележан еден период кога интернетот ја засенил книгата, меѓутоа, според бројот на активните читатели, таа бројка останала незначителна.
Читам од младите автори што се појавуваат, американски, руски, има и норвешки. Лесна литература.Анкетиран граѓанин.
Кумановци кои читаат книги, велат дека како што не можат без храна и вода, така не можат и без книга која пак им е „духовна храна“. Тие читаат секогаш и секаде и според нив не е важно ниту кое годишно време е, ниту пак кој дел од денот е. За волја на вистината таквите не се прекубројни, но сепак ги има. Просечните читатели читаат кога имаат слободно време, кога се расположени за читање или пак пред спиење.
Кое време и каква литература читаат, некои од запрашаните кумановци велат:
Главно се чита белетристика, учениците читаат школски лектири, а студентите стручна литература и ја користат читалната. Дневно на одделот за возрасни минуваат 130-140 читатели, а на Одделот за деца минуваат 50-ина.Нада Ивановска директорка на библиотеката во Куманово.
„Летно време. Читам од младите автори што се појавуваат, американски, руски, има и норвешки. Лесна литература.“
„Повеќе имам време зиме. Читам секаков вид литература, повеќе криминологија, бестселери, тие книги се убави.“
„Во секое време, јас сум професор по книжевност. Доцна навечер читам, во текот на денот поретко.“
Нада Ивановска директорка на библиотеката во Куманово, вели дека има некои амплитуди, но сепак се чита континуирано и редовно.
„Можеби разликата повеќе е во книгите што се бараат за читање. Летен период немаме намалување на посетите на библиотеката. Главно се чита белетристика, учениците читаат школски лектири, а студентите стручна литература и ја користат читалната. Дневно на одделот за возрасни минуваат 130-140 читатели, а на Одделот за деца минуваат 50-ина. Во текот на учебната година најмногу се бараат лектирите“, вели Ивановска.
Што се однесува до влијанието на интернетот врз читателската публика и дали луѓето ја запоставиле книгата, Ивановска забележува дека постоел таков период, меѓутоа полека но сигурно книгата си го враќа своето вистинско место.
Инаку, библиотеката во Куманово е една од добро опремените. Постојано се зголемува книжниот фонд, а директорката Ивановска додава дека и по последниот Саем на книгата набавени се нови наслови не само на македонскиот, туку и на јазиците на останатите етнички заедници.
„Пуштивме 180 наслови или 553 книги, главно белетристика,“ вели Ивановска.