Дејан Пројковски, по „Гилгамеш“, „Тартиф“ и „Ромео и Јулија“, на сцената на Турски театар се реши да го „окова“ есхиловиот „Прометеј“. Говорејќи за проектот, режисерот најнапред вели дека е плод на експериментот и потребата на екипата да си игра театар. Нагласува дека станува збор за една радикална, експериментална форма и за претстава која ним на пробите им носела многу радост и возбуда.
Претставата носејќи ја големата тема за Прометеј, човекот којшто им го подари огнот на луѓето, некако се движи низ чудни патеки. Во нашата пиеса тој оган станува и оган со кој сред бел ден ликовите го бараат човекот, го бараат човечкото во себе, така што тој оган, всушност, би рекол дека станува еден вид и нивна совест, нивни очи, поглед и нивно тело во еден момент.Дејан Пројковски, режисер.
„Претставата носејќи ја големата тема за Прометеј, човекот којшто им го подари огнот на луѓето, некако се движи низ чудни патеки. Во нашата пиеса тој оган станува и оган со кој сред бел ден ликовите го бараат човекот, го бараат човечкото во себе, така што тој оган, всушност, би рекол дека станува еден вид и нивна совест, нивни очи, поглед и нивно тело во еден момент“, вели тој.
Пројковски дополнува дека самата претстава се занимава со деконструкција на сите теми и дилеми внатре во себе и дека тие како екипа создале „еден сопствен измислен антички тип на театар базиран на основните постулати и нивното натамошно заигрување“.
Играв во сите досегашни постановки на големиот Пројковски во Турски театар, во „Гилгамеш“, „Тартиф“, „Ромео и Јулија“ и еве сега во „Прометеј“. Прометеј е проблематичен за игра, бидејќи е статичен, окован, но театарот е тимска работа и се надевам дека успеавме да направиме убав проект. Огромно е задоволството да се игра во ваков тим и со еден ваков режисер.Селпин Керим, актер.
„Кога би требало со една реченица да кажам што е нашиот „Прометеј“ би рекол дека тоа е лабораторија за антички театар. Доста од играта е базирана на движење благодарение на Олга Панго со која почека почнавме да се откриваме. Ние многу често зборуваме за актерската игра и што значи човек да се занимава со ова професија. Ве поканувам сите да го погледнете „Прометеј“ и да видите една шокантна актерска игра која што многу често ја тестира актерската и човечката издржливост и ја покажува нивната храброст и посветеност на театарот за што јас лично многу сум им благодарен“, вели Пројковски.
Тој исто така посочува дека оваа претстава е ретко поставувана на домашните сцени, токму поради својата сложена структура и тежина и дека треба „да се почека зрелоста како автор за да и се пријде на вистинскиот начин“.
Инаку, покрај искусните Џенап Самет, Сузан Акбелге и Неат Али, младиот актер Селпин Керим го толкува насловниот лик во претставата. Нему ова не му е прва соработка со Пројковски, а за Прометеј вели дека е проблематичен за отелотворување на сцена.
„Играв во сите досегашни постановки на големиот Пројковски во Турски театар, во „Гилгамеш“, „Тартиф“, „Ромео и Јулија“ и еве сега во „Прометеј“. Прометеј е проблематичен за игра, бидејќи е статичен, окован, но театарот е тимска работа и се надевам дека успеавме да направиме убав проект. Огромно е задоволството да се игра во ваков тим и со еден ваков режисер“, вели Керим.
Во претставата која ќе биде изведена на сцената на Театар Комедија, настапуваат и студенти дипломци од Факултетот ЕСРА, а Владо Ѓорески – Рафик, откако ќе забележи дека досегашната негова соработка со Турски театар секогаш била една нова авантура и посебно доживување, истакнува дека сега бил исправен пред предизвикот не да направи убава туку точна сценографија. А тоа, како што вели, значи дека треба да се ослободи, да се исчисти просторот за режисерската мисла, за кореографијата и за актерската игра. Дополнува дека целокупната работа на „Прометеј“ значи еден чист, искристализиран, јасен и прецизен естетизам со кој овој колектив влегува во редот на оние кои ги негуваат најсовремените европски театарски тенденции и движења.
„Хомогенизацијата на севкупното создавање е поврзана со едни таинствени нишки, со една таинствена алхемија која „Прометеј“ го воздигнува на едно не само архиетипско ниво, туку на една современа нова театарска митологија. Затоа многу сум среќен што овие резултати клои така мирно, спокојно, мазно, дури чудно длабоко се обликуваа ќе имаат некакво свое траење и ќе бидат со поголем радиус на движење“, вели Ѓорески.