Изгор велигденски цени

Охриѓани се жалат дека јајцата и јагнешкото месо се многу поскапени пред Велигден. Велат дека секогаш кога се доближува некој голем христијански празник, трговците ги зголемуваат цените на неопходните производи.

Цените на јајцата и јагнешкото месо за Велигден во Охрид се превисоки за македонскиот стандард, сметаат охриѓани. Јагнешкото месо се продава по цена од 340 до 360 денари, додека една табла јајца се продава по цена од 250 денари во зависност од класата. Велат дека секогаш кога се доближува некој голем христијански празник, трговците ги зголемуваат цените на неопходните производи.

Богами скапи се, точно е дека се скапи цените. Јагнешкото месо е прескапо. Прашав на неколку места, беше 360 денари. Зедов свинско месо бидејќи е поевтино од јагнешкото. Сиве години ова го прават пред Велигден.
Анкетиран граѓанин.

„Богами скапи се, точно е дека се скапи цените. Јагнешкото месо е прескапо. Прашав на неколку места, беше 360 денари. Зедов свинско месо бидејќи е поевтино од јагнешкото. Сиве години ова го прават пред Велигден“, рече еден охриѓанец.

„Кој има пари не е скапо, кој нема скапи се“, вели друг охриѓанец.

Продажбата годинава оди супер. Се движат од 160 денари до 250 денари најголемите јајца. Цените не ги поскапевме бидејќи се нема пари. Цените се исти, како лани - така и годинава.
Јованка Ставреска, продавачка на пазарот во Охрид.

„Јагнешко зедов пред една недела, бидејќи обично или нема јагнешко за Велигден или цената оди до таван. И како што видов, нема јагнешко. Продажната цена е скапа за стандардот што го имаме, додека за сточарите е евтина откупната цена. Не знам што народ сме ако Велигден го третираме како еден од најголемите верски празници, а цените на јајцата и на јагнешкото месо се зголемуваат, а треба да е обратно“, вели жител на Охрид.

Трговците велат дека се задоволни од продажбата.

„Продажбата годинава оди супер. Се движат од 160 денари до 250 денари најголемите јајца. Цените не ги поскапевме бидејќи се нема пари. Цените се исти, како лани - така и годинава“, рече Јованка Ставреска, продавач на пазарот во Охрид.

„Добро е, убава е продажбата. Не се скапи за нас, за производителите, за граѓаните не знам“, рече една продавачка на пазарот.

И хотелиерите се надеваат на исполнетост на нивните капацитети. Сотир Сотироски, сопственик на хотел Ројал, вели дека најголем дел од гостите се од Албанија.

„Кај нас во хотелот е полно, со гости од Бугарија и Србија. Од Албанија имаме многу гости, а имаме гости и од Грција. Првите гости за празникот доаѓаат в четврток и ќе останат три и четири дена. Имаме традиционални јадења кои ги спремаме за тој ден“, вели Сотироски.