Охрид помина подобро со гости за првомајските празници, отколку за Велигден, е оценката на туристичките работници од градот. Ако временските прилики биле подобри и ако 2 мај бил неработен ден тогаш посетеноста ќе била далеку поголема, велат тие.
Владо Суклоски туристички работник од Охрид, вели дека 1 Mај секогаш е репер каква туристичка сезона ќе имаме.
„Со оглед на временските неприлики мислам дека посетата на Охрид беше задоволителна од страна на домашните гости, но имаше и гости од страна од Бугарија, Србија и другите околни држави. Во однос на првомајските празници како еден вид на репер за главната сезона, мислам дека ова лето ќе имаме зголемен број на гости од околните држави, како и редовните гости од Холандија и Турција. Мислам дека првомајските празници беа повеќе посетени од Велигденските празници“, вели Суклоски.
Ако денот се познава по утрото, тогаш ова лето треба да биде плодотворно за Охрид, вели Елида Битрак сопственичка на туристичка агенција.
„Ако првомајските празници кои секогаш ни претставуваат насока и репер за летото тогаш можеме да се надеваме дека летото во Охрид ќе биде доста успешно. За тоа говорат и најавите за посета на многу странски туристи“, вели Битрак.
Сотир Сотироски, хотелиер, вели дека најбројни гости кај нив биле оние од Турција и Кореја кои во Охрид доаѓаат преку т.н Балкански тури.
Но Зоран Ангелоски, превозник со кајче од Охрид вели дека годинава имале помалку работа во однос на минатите години за 1 мај.
„Послабо е во однос на другите години. Има туристи но за работа послабо бидејки претежно се домашни гости. Работата е намалена во однос на претходните години. Сакавме да ја збогатиме понудата на Охрид и на гостите да им го разубавиме престојот“, вели Ангелоски.
Во Охрид на 2 мај пристигна и првата група од 190 холандски гости. Се очекува во шпицот на сезоната до Охрид да слетуваат секој ден чартер авиони од Холандија.
Асим Меџедовиќ, директор на туристичка агенција вели дека активно работат и на збогатување на содржината за гостите кои ќе дојдат од Холандија.
„Интензивно се работи на адаптација и реновирање на постоечките хотелски капацитети со цел збогатување на туристичката понуда за гостите кои доаѓаат од овие држави. Оваа година очекувањата се дека од земјите од Бенелукс ќе има зголемување на бројот на гости за 20-30 отсто во однос на минатата година. Букирањата за сега се добри и мислам дека до крајот на сезоната ќе имаме некоја задоволителна бројка која што ќе биде зголемена“, рече Меџедовиќ.
Со оглед на временските неприлики мислам дека посетата на Охрид беше задоволителна од страна на домашните гости, но имаше и гости од страна од Бугарија, Србија и другите околни држави.Владо Суклоски, туристички работник.
Владо Суклоски туристички работник од Охрид, вели дека 1 Mај секогаш е репер каква туристичка сезона ќе имаме.
„Со оглед на временските неприлики мислам дека посетата на Охрид беше задоволителна од страна на домашните гости, но имаше и гости од страна од Бугарија, Србија и другите околни држави. Во однос на првомајските празници како еден вид на репер за главната сезона, мислам дека ова лето ќе имаме зголемен број на гости од околните држави, како и редовните гости од Холандија и Турција. Мислам дека првомајските празници беа повеќе посетени од Велигденските празници“, вели Суклоски.
Ако денот се познава по утрото, тогаш ова лето треба да биде плодотворно за Охрид, вели Елида Битрак сопственичка на туристичка агенција.
Послабо е во однос на другите години. Има туристи, но за работа послабо бидејки претежно се домашни гости.Зоран Ангелоски, превозник со кајче.