Во првите 12 месеци од реализацијата на проектот во кој учествуваат мрежа организации кои даваат бесплатна правна помош, прашања поставиле 1243 луѓе од кои 599 жени и 544 мажи, во врска со 1287 правни проблеми. Социјалната заштита и имотно правното прашање се области за кои луѓето најмногу барале правна помош. Потоа следат судски постапки и друга правна заштита, семејни односи, па здравствена заштита, заштита на жртви од семејно насилство, работни односи, заштита на деца.
Тешко ние да допреме до граѓаните и да појасниме што можеме ние да направиме за нив, заради таа забрана. Државата исто така има буџет којшто не го користи до крај за оваа намена, значи во последните две години отприлика по три милиони денари биле прокреирани за бесплатна правна помош, за имплементација на овој механизам, но многу мал процент, дали 10 отсто од предвидениот буџет е потрошен за плаќање на адвокати што државата треба да ги обезбеди.Александар Стојановски координатор на проектот за пристап до правда, Фондација Отворено општество – Македонија.
А имало прашања и за инвалидско и пензиско осигурување, азил, заштита на жртви од кривични дела. Од 1243 луѓе кои пристапиле до мрежата за бесплатна правна можност, само 140 граѓани ги исполниле законските услови и побарале адвокат платен од државата. Од тие 140, 35 добиле адвокат платен од државата, 33 биле одбиени, за 50 луѓе постапката била запрена, а за 22 постапката е се уште во тек.
Александар Стојановски координатор на проектот за пристап до правда, Фондација Отворено општество – Македонија, вели дека поголем дел од оние случаи за кои е запрена постапката се апликанти кои не се од Македонија, во земјата влегле нелегално и се обидуваат да го остварат своето право на азил преку бесплатен адвокат од државата, на што имаат и право. Но се случува, вели тој додека трае постапката тие луѓе да бидат вратени на местото од кое влегле во земјата, па така постапката за нив запира.
„Другите десет се граѓани на републиката коишто најчесто се врзани со тесни рокови, значи спор во работни односи, жртви на семејно насилство...Побарале бесплатен адвокат и поради должината на одлучувањето, коешто во реалност може да трае и до 80 дена, тие се откажуваат од своето барање и со тоа се запира постапката“, вели тој.
Има неколку причини поради кои не се искористува до крај можноста граѓаните на кои им треба бесплатна правна помош да ја добијат од државата. Стојановски вели дека една од причините е што овој механизам е релативно нов и релативно непознат кај популацијата. А друга причина е што и законот е ригидно поставен, вели тој.
„Законот дефинира четири услови за да може да се добие бесплатен адвокат финансиран од државата. Најчесто луѓето кои имаат потреба од бесплатна правна помош во форма на бесплатен адвокат, не успеваат да се квалификуваат поради тоа што имаат примања поголеми од оние утврдени со законот, имаат недвижност во свој посед, којшто исто така е утврден како минимум со законот, не се приматели на постојана правна помош којашто е услов, така што причините се повеќеслојни.“
Една од причините е и тоа што мрежата која нуди бесплатна правна можност според законот не може да се рекламира.
„Тешко ние да допреме до граѓаните и да појасниме што можеме ние да направиме за нив, заради таа забрана. Државата исто така има буџет којшто не го користи до крај за оваа намена, значи во последните две години отприлика по три милиони денари биле прокреирани за бесплатна правна помош, за имплементација на овој механизам, но многу мал процент, дали 10 отсто од предвидениот буџет е потрошен за плаќање на адвокати што државата треба да ги обезбеди. Механизмите за одлучување во рамки на Министерството за правда не се доволно експедитивни и најчесто луѓето се откажуваат и губат надеж. Законски пропишаниот рок од 20 дена, многу ретко, скоро никогаш не успеале да го испочитуваат, барем во оние случаи ние што ги имаме“, вели Стојковски.
Мрежата на организации кои го имплементираат проектот „Пристап до правда во Македонија“ со финансиска поддршка обезбедена преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права, а со цел помагање на маргинализираните групи граѓани и тестирање на примената на законот за бесплатна правна помош на Македонија. Проектот го координира Фондацијата Отворено општество - Македонија, а партнерски организации се Македонско здружение на млади правници - Скопје, Национален ромски центар - Куманово, Младински културен центар - Битола, ЕХО - Штип, Избор - Струмица и 8-ми Септември – Скопје.