Госпоѓо Пировска, како ќе ја оцените изминатата година во однос на почитувањето на човековите права во земјава?
Мене и минатата година ми се даде можност да дадам оценка за состојбата со човековите права во Македонија и тогаш дадов оценка 1. За жал, годината што измина не можам да кажам дека беше со значителни промени, особено што започна на еден многу да речам неубав начин, односно годината што следеше, 2013, беше одбележана со настанот што се случи во Собранието, за кој настан јас тогаш изјавив дека со тој чин, односно на некој начин упад на извршната власт во законодавниот дом на Република Македонија, се уби демократијата. Оттогаш па до денес се случија мошне сериозни повреди на човековите права, се случи тотален пад на она што го нарекуваме слобода на изразување, слобода на медиуми, меѓутоа се појави уште еден многу посериозен феномен којшто секогаш се врзува и е специфика на едно општество чиј режим има авторитарни карактеристики, а тоа е секако феноменот на политички затвореници со којшто изминатата година се соочувавме многу повеќе од претходните години. Соочени сме со зголемен број на притвореници, повторно како резултат на овој феномен којшто кажувам дека е присутен со што понатаму уште повеќе се загрозуваат правата на сите оние коишто ја отслужуваат мерката притвор или затвор од проста причина што сместувачките услови поради пренатрупаноста се во голем дел влошени, што од друга страна и претставува нехуман и понижувачки третман за лицата на кои им е одредена мерката притвор или коишто отслужуваат казна затвор.
Власта негира дека во Македонија има политички затвореници, опозицијата, пак, од друга страна стои цврсто на ставот дека станавме земја на политички затвореници. Што говори тоа за Македонија, во какво општествено уредување живееме?
Јас не очекував во никој случај дека премиерот или владата ќе излезат и ќе признаат дека во Македонија има политички затвореници, бидејќи сето тоа како што гледате е добро козметички запакувано во сите акции коишто ги спроведува полицијата и се третира како чин на спасување на земјата од криминалот, иако мислам дека јавноста горе-долу и покрај недостатокот на слободни медиуми е свесна дека во сите овие случаи на големи апсења фактички во позадина стои една политичка конотација. Јас мислам дека и начинот на којшто се спроведуваат овие акции зборува за тоа дека власта има многу јасна интенција да покаже дека не се плаши да ја користи моќта за да покаже како може да завршат сите оние коишто размислуваат спротивно на политичките партии коишто се на власт и политиките коишто ги спроведува оваа влада.
Го споменавте притворот. Министерот за правда Блерим Беџети тврди дека притворот во Македонија не се користи често, односно според податоци на министерството во 5 проценти е изречена таа мерка, од друга страна невладиниот сектор тврди дека во 80 проценти се изрекува таа мерка. Како го коментирате овој дисбаланс во податоците?
Јас мислам дека е многу несмасно од страна на министерот за правда да излегува со таква констатација кога нам ни стојат на располагање бројки коишто ги добивме од Управата за извршување санкции, а коишто говорат дека постои зголемување на бројот на притвореници за 130 отсто во затворот Шутка, еве ќе го земам за пример. Што зборува тоа? Тоа зборува дека судовите не ги користат алтернативните мерки. Оттука неговата констатација директно е во колизија со она што претставува факт. Едноставно со самиот чин на апсење, полицискиот портпарол или министерката за внатрешни работи кога ќе излезат со една изјава која што оди во насока на директно осудување на сторителите се дава јасна порака и до судот како треба понатаму да одлучува.
Колку притворот во земјава се користи како казнена мерка и метод на заплашување?
Овде е многу евидентно дека и при изрекувањето мерка притвор постои еден селективен пристап. Ќе го земам еве случајот Фаланга, на Паско Кузман му беше одреден куќен притвор, додека на сите други да речам случаи за кои исто така се шпекулира дека имаат политичка заднина им беше одредена мерката притвор. Последниот случај којшто ја потресува јавноста е случајот со Шиповиќ. Знаете, решенијата за притвор се носат со буквално истите образложенија, не се води сметка, затоа што ние укажуваме, сугерираме и забележуваме дека не може да се одреди мерка притвор без притоа судот да објасни многу стриктно, јасно и конкретно зошто смета дека таа мерка треба да биде одредена за лицето коешто е да речеме под сомнение дека сторило кривично дело. Значи во случајот Шиповиќ не беше објаснето како тој би можел да влијае на евентуалните сведоци, беше наведено само дека постои можност тој да не биде достапен за органите на прогонот и тука отстапува судот од она што претставува факт, бидејќи целата јавност знае дека Шиповиќ, од самиот момент кога почнаа да се одвиваат настаните, даде до знаење дека ќе се стори достапен за правдата и дека ќе биде достапен за органите на прогонот. Истото се случуваше и со новинарот Томислав Кежаровски, каде што па од друга страна имавме уште полош случај, одредување колективна мерка. И тоа е недозволиво. Европскиот суд за човекови права во Стразбур, односно неговата пракса, утврдува дека во никој случај судот не смее да донесе мерка притвор колективно. Значи, за секој еден да речам евентуален сторител на кривично дело судот треба да објасни од кои причини ја одредува мерката притвор. Оттука има големи отстапување од законот, има големи отстапувања од она што се нарекува стандард при одлучувањето во ваквите случаи и мислам дека е навистина дури и ступидно да се тврди дека во Македонија мошне ретко се носат решенија за притвор.
Одбраната на обвинетите во Ликвидација, го опиша случајот со новинарот Томислав Кежаровски како колатерална штета. Како вие ќе ја коментирате неговата пресуда, и тоа што сега е во домашен притвор чекајќи ја со месеци правосилноста на пресудата?
Пред сè јас сакам да истакнам дека случајот Кежаровски е типичен, да речам, акт на оваа власт во загрозувањето на слободата на медиумите. Прво од проста причина што станува збор за новинар. Во регионот едноставно нема таков случај новинар да биде притворен со притвор со толку долго траење и тоа за работа за која што кај нас Уставот многу строго и децидно утврдува дека е забранета. Значи, нашиот Устав утврдува дека на новинарот никогаш не може да му се бара да даде информација за изворот на информациите до коишто дошол во одреден случај. Тука се случи едно драстично отстапување од правдата и од законот, особено што во случајот Кежаровски има многу нејасни моменти. Вие знаете за шпекулациите дека тој беше притворен 5 години откако работел на случајот којшто се третира во правната работа поради самиот факт што дошол до некои информации во случајот за смртта на Никола Младенов. Постојат повеќе шпекулации коишто мислам дека и е нормално да постојат во услови кога на таков начин се спроведува правда кон еден новинар. Меѓународната заедница застана на нозе, сите новинарски организации и меѓународни исто така го дадоа своето мислење, па и Мисијата на ОБСЕ, за да конечно на крај на новинарот Кежаровски ми биде одредена мерка куќен притвор. Јас од она што знам од мониторингот што ние во правевме во случајот е дека постојат многу нејаснотии и дека постои голема конфузност во образложението на таа пресуда, меѓутоа случајот Кежаровски понатаму верувам дека ќе продолжи и низ другите инстанци, а не е чудно и да заврши пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Дали полицијата имаше право да го спречи одржувањето на протестот на новинарите за поддршка на Кежаровски?
Апсолутно немаше. Тоа исто така беше една од посериозните повреди на слободите и правата на граѓаните на Република Македонија, нема сега да ги категоризирам како фела, тоа беше многу јасен случај на смеќавање на јавен собир којшто е директно поврзан со правото и слободата на изразување на граѓаните. Хелсиншкиот комитет беше присутен на тој протест и ние го истакнавме своето мислење дека полицијата тука ги пречекори своите овластувања, ги пречекори надлежностите коишто ги има и постапи сосема во спротивност со Уставот и законот на Република Македонија.
Колку со таквата постапка власта сака да ги заплаши новинарите и се обидува да ја задуши слободата на изразување во земјата?
Тоа беше само еден од низата настани коишто се случуваа, коишто имаа буквално врска со интенцијата на власта за замолчување и на медиумите, но повторно ќе речам, и на сите оние коишто имаат критичко размислување за политиките на оваа власт. Моќта и власта во Република Македонија се злоупотребува на еден мошне дегутантен начин и тоа со една единствена цел, да се сее страв, не само меѓу новинарската фела, туку меѓу граѓаните генерално. Ние го чувствуваме тоа, активистите за човекови права го чувствуваме од самиот факт што граѓаните чувствуваат бојазност да се обратат и да побараат правна помош во голем дел од случаите, стравувајќи за својата егзистенција, стравувајќи од можните реперкусии. Сето тоа е еден манир на однесување на еден тоталитарен режим, морам така да го наречам, во кој буквално се ништи сето она што претставува фундаментално право и слобода на граѓанинот во оваа земја.
Госпоѓо Пировска, велите дека Македонија има механизми за заштита на правата на граѓаните, но зошто тогаш тие не се остваруваат. Дали тоа е поврзано со тој страв за кој велите дека постои?
Тоа мислам дека е сосема логично. Ние зборуваме за систем, ние не зборуваме само за еден сегмент од институциите на власта којшто не функционира. Ние зборуваме за една машинерија, а таа машинерија се нарекува извршна власт, којашто работи на постигнување на целите на една, на две партии коишто се на власт. Оттука вие немате само систем кој делува превентивно, туку имате систем којшто не може да делува заштитно. Власта се дрзна да навлезе во сите пори, па и во она што претставува приватност на граѓаните. Се дрзна да се вплетка, односно да се вовлече во она што претставува избор на жената, зборувам за законот за абортус, буквално во сето она што претставува и што треба да претставува суштественост на една индивидуа. Индивидуалноста е заборавена. Сето она што претставува некој излив на креативност од страна на бројни индивидуи, во истиот момент се спречува, за сметка на она што претставува колективно и градење на некоја си слика за некакво си општество кое ќе живее според некои си заборавени, но многу важни вредности.
Поднесовте кривични пријави за нападите врз ЛГБТ центарот за поддршка. Очекувате ли обвинителството да преземе мерки, ако се има предвид дека за неколкуте напади претходно досега немаше никаква реакција од институциите?
Не очекувам. Не очекувам дека ќе бидат пронајдени сторителите на најсериозниот напад, сега зборувам за нападот на ЛГБТ центарот, којшто се случи во јуни. Зборувам дека е најсериозен напад од проста причина што не беше цел објектот, туку луѓето, односно ЛГБТ заедницата, којашто во тој момент ја прославуваше Неделата на гордоста. Знаете, такви банди коишто го нападнаа тој ден центарот можат да се пронајдат за 15 минути, доколку Министерството за внатрешни работи има волја да го стори тоа. Сметам дека зад тој напад стои друга заднина, сметам дека тој напад беше организиран и добро обмислен и имаше за цел да предизвика страв и повлекување на ЛГБТ заедницата којашто во претходниот период почна на некој начин да пројавува волја и храброст да се бори за своите права. Ние ја доставивме достапна до јавноста снимката од нападот врз ЛГБТ центарот, снимките ги доставивме и до Министерството за внатрешни работи и од таму би било многу симптоматично ако не ја знаете причината, како би можело да се случи Министерството за внатрешни работи да не може да ги пронајде сторителите после 8 месеци, иако имаа снимки од лицата кои го нападнаа Центарот. За случајот немаме никакви информации, освен што бевме повикани на разговор после овој напад. Не очекувам дека ќе бидат пронајдени сторителите. Тој ден полицијата не си ја вршеше својата должност, од десет полициски службеници, само еден во тој момент се најде пред Центарот и тој беше повреден за време на нападот. Оттука мојот сомнеж дека зад овој напад се крие и една доброобмислена операција којашто на некој начин била и инструирана за да се спречи создавање на критична маса од ЛГБТ заедницата во Република Македонија, меѓутоа јас морам да истакнам дека Центарот ќе продолжи да работи со истиот интензитет. Хелсиншкиот комитет нема да дозволи инертноста на власта, односно немањето волја да се покаже дека насилството кон ЛГБТ заедницата е забрането, нема да го спречат Хелсиншкиот комитет и понатаму да се бори за правата на ЛГБТ луѓето.
Дали воопшто надлежните институции досега реагирале на некои од вашите забелешки?
На ова прашање логично следува негативен одговор ако се има предвид дека претходно зборувавме за тотално нефункционирање на системот, односно фунцкионирање во спротивност со законот и сето она што претставува стандард за човековите права. Владата покажува еден игнорантен однос, нема дебата, нема демант, нам ни е стеснет просторот за промовирање на она што го констатираме и она што го препорачуваме од проста причина што останаа само неколку медиуми што имаат волја да нè пренесат. Секако дека власта со таа игноранција покажува и дека не смета дека она што ние го тврдиме и го посочуваме е релевантно, меѓутоа јас мислам дека она што ние го правиме во моментов е нешто што треба да продолжиме да го правиме, во секој случај. Образложенијата од типот што ќе се постигне ако се побара од институциите на системот кога знаеме дека нема да одговорат или дека нема да постапат по нашите укажувања за мене се неприфатливи. Тие институции постојат за граѓаните, а не обратно. Оттука и сите ние што работиме во полето на човековите права не треба да престанеме да го бараме од институциите на системот токму тоа, да си ја вршат својата функција и да бидат сервис на граѓаните. Јас не верувам дека нешто преку ноќ ќе се смени, меѓутоа самиот факт дека ние им даваме бесплатна правна помош на граѓаните, самиот факт дека ние за оние случаи коишто беа најсериозни случаи во последните неколку години, ние помогнавме да дојдат до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, зборува за тоа дека сепак нешто може и ќе се помрдне кога станува збор за човековите права во земјата. Ние веќе ја изготвивме и е доставена апликацијата за случајот Нешкоски до Европскиот суд за човекови права, за случајот Бошкоски, Вранишковски, очекуваме позитивни одлуки од Европскиот суд за човекови права. Јас по природа сум оптимист и верувам дека невладиниот сектор во моментов е оној мошне важен сегмент, ако се има предвид дека граѓанинот е тотално маргинализиран и тотално, да речам, застрашен од политиките на оваа власт. Јас секогаш ги охрабрувам граѓаните дека и покрај тоа што правдата е тешко достижна во Република Македонија, дека не треба да престанат да се борат за неа.