Достапни линкови

Тензична слобода на изразувањето


Во Македонија се уште постојат отстапки во случај кога политички функциониери, како и судиите и медиумите ја прекршуваат пресумпцијата на невиност, рече Воислав Стојановски од Хелсиншкиот комитет.

Пречекорувањето на предвиденото време за говор на новинарката Мирка Велиновска ја прекина Надзoраната расправа во Собранието посветена на правото на презумпција на невиност, притворот, слободата на изразување и правото на јавен протест. Опозицијата реагираше дека како останатите сведоци, па така и Велиновска има право да говори пет минути, по што претседателот на Комисијата за политички систем Илија Китановски даде десет минути пауза.
Начинот на кој судовите, односно судиите, го прекршуваат правото на презумпција на невиност можете да го видите во скоро секое решение за изрекување на мерката притвор или за нејзино продолжување.
Воислав Стојановски, Хелсиншкиот комитет.

Претставникот на Хелсиншкиот комитет Воислав Стојановски, кој беше првиот сведок на денешната надзорна расправа во Собранието, порача дека во Македонија се уште постојат отстапки во случај кога политички функциониери, како и судиите и медиумите ја прекршуваат пресумпцијата на невиност, при што ниту ослободителната пресуда нема да ги острани негативни ефекти врз осомничениот.

„Начинот на кој судовите, односно судиите, го прекршуваат правото на презумпција на невиност можете да го видите во скоро секое решение за изрекување на мерката притвор или за нејзино продолжување“, рече Стојановски.
Сакам да ве замолам добро да размислите пред да ги гласате овие закони, затоа што верувајте ќе направите голема штета за имиџот на Македонија во светот.
Насер Селмани, ЗНМ.

Тој порача дека најголемиот проблем се лошите услови во притворските оделенија.

Професор Мирјана Најчевска рече дека во минатата година затворска казна отслужувале околу 2200 лица, а во притвор биле 384. Според неа, притворот се користи како средство за тортура.

„Притворот сам по себе претставува многу контроверзен институт од аспект на концептот на човекови права и токму поради тоа е идентификуван како можна алатка за тортура и поради тоа се дадени многу големи ограничувања, односно притворот е употребен како начин на исклучиво делување, односно кога се нема друга алатка“, рече Најчевска.

Во однос на слободата на изразување претседателот на ЗНМ Насер Селмани побара од пратениците да не гласаат за новите закони за медиуми.

„Сакам да ве замолам добро да размислите пред да ги гласате овие закони, затоа што верувајте ќе направите голема штета за имиџот на Македонија во светот“, рече Селмани.

Тој потсети дека Македонија има најголем пад на листите на меѓународните организации за слободата на медиумите и порача дека за новинарот Томислав Кежаровски кој се наоѓа во домашен притвор не бараат милост, туку судовите да ја почитуваат европската судска пракса.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG