Меѓу НАТО и Русија

По конфликтот во Украина се страхува од можноста НАТО и Западот предоцна да реагираат на следниот потег на Москва, на пример во Естонија. Русија возвраќа дека НАТО во Русија повторно најде шанса за продолжување на својот живот.

Ладен бран од нова Студена војна се спушти врз Европа. Во Украина, расцепкана од авантуризмот на рускиот претседател Владимир Путин, се зголемуваат страхувањата од нов јуриш врз клучниот пристаништен град Мариупол.

Алијансата најде шанса за продолжување на својот живот како Феникс. Сите се прашуваа од каде ќе дојде заканата откако ќе го снема Советскиот Сојуз. Сега имаат можност да ја прогласат Русија за непријател.
Анатолиј Антонов, руски заменик министер за одбрана.

Во Летонија и Естонија, вознемирените Балтички земји кои граничат со Русија, НАТО деновиве ги покажа своите војници, во исто време кога руските сили во близина на границата изведуваа воени вежби. Европскиот север станува се понервозен.

Финска веќе размислува да побара членство во НАТО, а Норвешка почна да ја преструктуира нејзината армија со цел да обезбеди брз одговор на руските закани.

Аналитичарите страхуваат од можноста Западот предоцна да реагира на следниот потег на Москва, на пример во Естонија.

Има и такви кои велат дека западните лидери би требало повторно да ги научат лекциите за кризен менаџмент што им нанесоа пораз на советските претходници на Путин. И тоа, како што велат, треба да го направат што поскоро.

Западните лидери би требало повторно да ги научат лекциите за кризен менаџмент што им нанесоа пораз на советските претходници на Путин.

Цврстите руски акции во Украина се неодбранливи, а според настаните што се случија лани и годинава, веќе не постои реална веројатност овие држави да му се приклучат на НАТО.

Тие можат да бидат дел од Програмата Партнерство за мир, но тоа го може и Русија.

Од друга страна, американската администрација зборува за нив како да се полноправни членки на Алијансата.

Повеќе коментатори аргументираат дека американската неволност да интервенира во Украина ја зголемува веројатноста од руска интервенција на Балтикот.

Москва ги отфрла ваквите наводи на НАТО со контра обвинувања.

„Алијансата најде шанса за продолжување на својот живот како Феникс. Сите се прашуваа од каде ќе дојде заканата откако ќе го снема Советскиот Сојуз. Сега имаат можност да ја прогласат Русија за непријател“, изјави рускиот заменик министер за одбрана Анатолиј Антонов.

Дополнителни тензии предизвика изјавата на францускиот претседател Франсоа Оланд за привремено запирање на процесот на проширување на НАТО.

Некои аналитичари ова го оценија како многу опасна порака и за Алијансата и за нејзините партнерски земји.

Тие аргументираат дека членството во НАТО и ЕУ биле алатки за ослободување на земјите аспиранти од нивното советско наследство и од тоталитарни и корумпирани, да се трансформираат во европски земји со демократски општества.

Изјавата на Оланд само ќе ја охрабри Москва да врши агресија врз нејзините соседи уценувајќи ги за нивната нелојалност.

Руската формула е едноставна: поттикнување конфликт, создавање постојан извор на нестабилност и замрзнување на конфликтот.

Или како што рускиот претседател Путин неодамна изјави дека доколку не дејствувал во Грузија, сократката војна во 2008, геополитичката реалност сега ќе била многу поинаква и голем број земји ќе биле членки на НАТО.

Изјавата на Оланд, според некои аналитичари, е музика за ушите на Москва чии напори почнаа да даваат плод и да ја затвораат врата на НАТО, организација во која за нови членки се решава со консензус.