Достапни линкови

ЕП бара меѓународна истрага за убиството на Немцов


ЕП бара меѓународна истрага за убиството на Немцов
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:38 0:00

ЕП бара меѓународна истрага за убиството на Немцов

Пратениците во Европскиот парламент побараа независна меѓународна истрага за убиството на рускиот опозициски лидер Борис Немцов. Во резолуцијата се оценува дека тоа е најзначајното политичко убиство во историјата на Русија.

Европскиот парламент предупредува дека пропагандата на Кремљ ја турна Русија во земја на репресија, говор на омраз и страв.

Кабинетот на претседателот Владимир Путин ја исмеа резолуцијата наведувајќи дека руската истрага е доволна.

„Тука е Русија и ние ќе ја продолжиме истрагата што ја водат надлежните органи“, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател.

Претходно во дебатата во Европскиот парламент зборуваше и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини која ја повика Русија да дозволи различни мислења во општеството.

„Руските граѓани заслужуваат не помалку од демократска и отворена Русија. Зајакнувањето на политичките слободи и поддршката на заздравувањето на демократијата се цели кои се запишани во првиот член на Договорот за партнерство и соработка меѓу Русија и Европската унија“, изјави Могерини во дебатата за руската демократија и убиството на опозицискиот лидер.

Тука е Русија и ние ќе ја продолжиме истрагата што ја водат надлежните органи.
Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Путин

Рускиот претседател Владимир Путин го осуди ова убиство и изјави дека виновниците ќе ги изнесе пред суд.

Досега се уапсени петмина осомничени чечени кои се во притвор. Според руските активисти за човекови права некои од нив биле изложени на тортура за да го признаат делото.

По ваквите изјави полицијата веднаш го сослушала членот на Советот за човекови права Андреј Бабушкин кој ги посетил Заур Дадаев и уште двајца осомничени во московскиот затвор Лефортово.

Дадаев порано бил полицаец во Чеченскиот регион и е еден од петтемина приведени за убивањето на Немцов на 27 февруари во близина на Кремљ.

Жана Немцова, ќерка на Борис Немцов
Жана Немцова, ќерка на Борис Немцов

Убиство на остриот критичар на претседателот Путин ги истакна уште еднаш опасностите со кои се соочуваат русите кои се против владата и ги интензивира повиците од Западот за целосна независна истрага, нешто што според приврзаниците на Немцов, нема да се случи бидејќи таа би водела многу блиску до ходниците на Кремљ.

Најстарата ќерка на Немцов, Жана Немцова за Би Би Си изјави дека Путин сноси политичка одговорност за убиството на нејзиниот татко.

„Татко ми се бореше против Путин, против никој друг“, рече таа.

Истражната комисија ден по убиството на Немцов соопшти дека можен мотив бил бесот околу неговата позиција во врска со смртоносниот напад на исламски екстремисти во парискиот сатиричен весник Шарли Ебдо во јануари годинава по објавувањето карикатури со Пророкот Мухамед.

Поддржувачите на Немцов не веруваат дека ова би можело да биде причината за неговото убиство.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG