Деновиве светската јавност беше окупирана од мистериозното отсуство на рускиот претседател Владимир Путин. Со право со оглед на тоа што сукцесијата секогаш претставува голема, а често и опасна криза за повеќето авторитарни режими во кои централна улога има една личност.