Села сака на чело на ДПА место Тачи

Зијадин Села по изборот за градоначалник во 2013 година.

Движењето за реформи во ДПА чиј предводник е струшкиот градоначалник Зијадин Села на 21 март ќе одржи конгрес на кој треба да избере нов претседател на партијата. Партискиот лидер Мендух Тачи вели дека воопшто не мисли на Села.

Разделбата и несогласувањата помеѓу Мендух Тачи и актуелнот струшки градоначалник Зијадин Села ќе кулминираат со конгрес на „Движењето за реформи во ДПА“ чијшто предводник е токму Села. Конгресот, кој ќе се одржи овој викенд е оној легитимниот, уверува Села.

Ние сме отворени за сите и тие кои беа против и кои на некаков начин ја узурпираа ДПА и очекуваме дека се зачленети во нивните ограноци од каде што доаѓаат, бидејки тука почнува сè во една политичка партија. Ако не се зачленети, тоа е нивни избор.
Зијадин Села, градоначалник на Струга.

Од неговото движење изминатиот период одржаа изборни собранија за делегати во сите ограноци и подограноци на партијата, а Села засега е единствениот кандидат за претседател. На 21 март, покрај претседател, ќе биде избрано и Централното собрание на ДПА, вели Села. Тој вели дека дека не бега од одогвоворнста да биде претседател на ДПА, ако така сакале делегатите на конгресот.

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

„На 21 март е закажан редовниот шести конгрес на ДПА. Се совпаѓа со 21 март 2011 година, кога беше одржан последниот конгрес на ДПА. Очекуваме дека ова ќе биде еден успешен конгрес. Ние сме отворени за сите и тие кои беа против и кои на некаков начин ја узурпираа ДПА и очекуваме дека се зачленети во нивните ограноци од каде што доаѓаат, бидејки тука почнува сè во една политичка партија. Ако не се зачленети, тоа е нивни избор“, рече Села.

Сметам дека Села ќе се најде, ако веќе не е пред таа дилема, дали да регистрира нова партија или да продолжи вака како некое внатрепартиско движење, иако мислам дека нема ништо да промени внатре во ДПА.
Ким Мехмети, аналитичар.

Мендух Тачи, при неговата посета на Струга пред неколку дена, кратко рече дека не сака да го коментира Зијадин Села.

„Одамна веќе не мислам на него“, рече Тачи.

Аналитичарот Ким Мехмети вели дека Тачи во никој случај нема да дозволи Села да дојде на негово место.

„Сметам дека Села ќе се најде, ако веќе не е пред таа дилема, дали да регистрира нова партија или да продолжи вака како некое внатрепартиско движење, иако мислам дека нема ништо да промени внатре во ДПА“, вели Мехмети.

Тој вели дека Села најдобро ќе постапи ако формира нов политички субјект кој што ќе се докаже.

„Јас мислам дека ќе биде принуден да формира нова партија, оти правно гледано не можете да имате две исти партии на што и едната и другата страна претендира. Сегашниот претседател на ДПА секогаш може да собере толку луѓе, толку аргати кои ги има за да одржи конгрес и да каже дека тој е легитимен претседател. Мислам дека ДПА на наредните избори ќе биде избришана од политичаката карта кај Албанците во Македонија“, вели Мехмети.