Достапни линкови

Меѓуетничките односи побитни од евроинтеграциите


Пратениците од ДПА, по нивното враќање во парламентот, дискусијата на Националниот совет за евроинтеграции ја искористија да упатат критики против ДУИ за состојбата на Албанците во Македонија.

Седницата на Националниот совет за евроинтеграции не ги оствари планираните цели, бидејќи се претвори во партиско-етничка дебата. Пратеничката Мерал Узаири Ферати од ДПА обвини дека положбата на Албанците во Македонија не е таква каква што би можела да биде, така што целата дискусија потоа не беше во согласност со очекуваните цели.

Влијанието на Југохром врз животната средина не е само влијание за една етничка група и ние не смееме сега и воздухот да го делиме на македонски чист воздух и на албански загаден воздух.
Мерал Узаири Ферати, ДПА.

Пратениците од ДПА по нивното враќање во парламентот, дискусијата на Националниот совет ја искористија во најголем дел да упатат критики против ДУИ. Зборувајќи за проблемот со загадувањето на воздухот во Тетово, Ферати праша зошто Макстил е затворен, но не и Југохром, а упати и повеќе забелешки за учеството на Албанците во институциите.

Зборувајќи по Ферати, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кажа дека не смее да се случи поради надвладување на внатрешно- политички причини да се злоупотребуваат меѓуетничките односи.

Би ве замолил пратеници да не ослободите од можноста да преслушуваме исто што слушаме постојано во Парламнтот , затоа што имаме многу ретко прилика да седнеме на маса со вас и за поразговараме за реални прашања кои се однесуваат на евроинтеграциите.
Антони Пешев од Стопанската комора на Македонија.

„Претседател на вработените во Југохром е господинот Бајрам Ахмети, не верувам дека името ви звучи македонско, но како и да е, и тој човек како претседател на Синдикатот, заедно со своите колеги Македонци, Албанци, Турци и сите други се борат овој комбинат да опстане да работи. Влијанието на Југохром врз животната средина не е само влијание за една етничка група и ние не смееме сега и воздухот да го делиме на македонски чист воздух и на албански загаден воздух“, рече Милошоски.

Дел од учесниците на Советот не беа изненедени од однесувањето на некои пратеници, но забележаа дека пораките што се слушнаа не се однесуваа за реални прашања кои се однесуваат на евронтеграциите.

„Би ве замолил пратеници да не ослободите од можноста да преслушуваме исто што слушаме постојано во Парламнтот , затоа што имаме многу ретко прилика да седнеме на маса со вас и за поразговараме за реални прашања кои се однесуваат на евроинтеграциите“, изјави Антони Пешев од Стопанската комора.

Според вицепремиерот Фатмир Бесими, добар факт од седницата е што има политички дијалог и оти со ова се проби мразот во односите меѓу опозицијата и власта во ситуација кога СДСМ отсуствува од Парламентот, но тој дополни дека дискусиите не треба да се искористуваат за собирање политички поени на сметка на евроинтеграците.

Солза Грчева зборувајќи, за застапеноста на Албанците во институците, изјави дека ставот на Ферати е чуден.

„Една работа во нејзиното излагање ми зазвуче чудно кога ги изложуваше податоците, на пример за МАНУ, кога рече дека има еден Албанец и 51 Македонец, барем тоа место да го оставиме незагадено со политика, тоа не е локална управа, тоа не е јавна администрација, критериумите за влегување во Академијата се јасни“, рече Грчева.

Едно од прашањата беше кога Македонија ќе влезе во НАТО и ЕУ, но поради политичко-етничката дебата во фокусот не беа одговорите врзани со ова.

Антони Пешев од Стопанската комора изрази надеж дека следните седници на Советот за евроинтеграции ќе бидат многу поконструктивни и ќе се однесуваат на прашања врзани со економските критериуми кои Макадонија треба да ги исполни за да биде членка на ЕУ.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG