Охрид има голем недостиг на млад и стручен кадар, велат бизнисмени од градот. Според нив, тоа е податок кој треба да загрижува исто како и иселувањето на младите во странство во потрага по работа и подобар живот. И сега да побараме млад и стручен кадар,Охрид го нема, вели Павел Попоски, бизнисмен од Охрид.
Освен кадрите кои под присила излегоа од Емо, Застава и сите тие големи гиганти кои се пред пензија или се пензионирале, ние стопанствениците не можеме други млади кадри да најдеме. Многу пати сме го поставувале тоа прашање, многу пати сме давале идеи.Павел Попоски, бизнисмен од Охрид.
„Освен кадрите кои под присила излегоа од Емо, Застава и сите тие големи гиганти кои се пред пензија или се пензионирале, ние стопанствениците не можеме други млади кадри да најдеме. Многу пати сме го поставувале тоа прашање, многу пати сме давале идеи“, вели Попоски.
Многу пати сме им предлагале и на училиштата кои се стручни за тоа образование, да исфинансираме неколку паралелки кои потоа ќе му бидат на располагање на бизнис секторот, вели Попоски.
Со оглед дека во Охрид како стручни лица имаме многу малку. Сите се со факултет за туризам, правен факултет, економски факултет, а ние немаме толкави работни места за да можеме да запослуваме таков кадар. Повеќе ни треба стручност.Климе Шешоски, советник во Советот на Општина Охрид и бизнисмен.
„Кадарот ќе биде добро обучен и научен, со тоа што 70 отсто од таа настава да се одржува во нашите фирми, а не во школските клупи. Ние овде се препукуваме кој да добие повеќе поени кај народот. Треба да сме среќни ако некоја компанија дојде конкретно и рече јас сакам да изградам нешто и ќе вработам толку и толку лица. Сами без странски инвестиции кои имаат подобар капитал и пари, Охрид не го гледам во добра перспектива. Да ги пречекаме добро и да им створиме кадар кој ќе биде на располагање на тие компании“, рече Попоски.
Климе Шешоски, советник во Советот на Општина Охрид и бизнисмен, вели дека на Охрид му фали вистински стручен кадар.
„Со оглед дека во Охрид како стручни лица имаме многу малку. Сите се со факултет за туризам, правен факултет, економски факултет, а ние немаме толкави работни места за да можеме да запослуваме таков кадар. Повеќе ни треба стручност“, вели Шешоски.
Тој вели дека со неколкуте најавени инвестиции во Охрид ќе се отворат нови работни места.
„Се надеваме дека со овие услови кои општината ги дава, со едни минимални услови секој да може да си обезбеди работа, мислам дека ќе можеме да ги вратиме младите за оној кој сака да работи“, рече Шешоски.
Добрите познавачи на приликите сметаат дека Охрид во наредните години можеби би имал потреба од стручни лица од надвор, доколку градот почне да се разива на стопански план.