Достапни линкови

Помош за социјалните семејства во Охрид


Охридскиот Црвен крст ја спроведе хуманитарната акција „Недела за борба против гладта“. Во акцијата се собрани повеќе од 200 хуманитарни пакети.

Во Охрид бројот на социјално- загрозени семејства се движи помеѓу 600 и 700 семејства, покажуваат статистичките показатели, но тој број е поголем, предупредуваат хуманитарните работници од градот. Тоа е бројка која треба да загрижува и затоа, сметаат охриѓани, дека треба да се изнајдат соодветни мерки и механизми за да долгорочно им се излезе во пресрет.

Ги повикувам да се обратат кај нас во Црвен крст, а ние имаме неколку програми кои нудат одредени начини на заработка на тие луѓе кои се социјално загрозени, а кои можат да си ја подобрат својата состојба.
Сашо Точков, претседател на Црвен Крст од Охрид.

Охридскиот Црвен крст ја спроведе хуманитарната акција „Недела за борба против гладта“ во која се вклучи локалната самоуправа ,локални бизнисмени и граѓани кои во поголемите маркети со купување на производи донираа за нивните сограѓани.

Сашо Точков, претседател на Црвен Крст од Охрид, рече дека биле собрани нешо повеќе од 200 хуманитарни пакети. Во соработка со Центарот за социјални работи беа изготвени списоци на луѓе кои се социјално најзагрозени и на кои им беше поделена помошта.

Како дел од Неделата на борба против гладта општината ќе изготви средства од својот буџет со кои ќе бидат донирани 50 пакети со прехранбени производи кои ќе бидат донирани на социјално загрозените семејства.
Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.

„Би сакал да ги охрабрам и поттикнам лицата кои се корисници на социјална помош, а кои се работно способно да не ја губат желбата за работа. Ги повикувам да се обратат кај нас во Црвен крст, а ние имаме неколку програми кои нудат одредени начини на заработка на тие луѓе кои се социјално загрозени, а кои можат да си ја подобрат својата состојба“, рече Точков.

Градоначалникот Никола Бакрачески рече дека ваквите хуманитарни активности биле дел од програмата на локалната самоуправа во текот на целата година.

„Како дел од Неделата на борба против гладта општината ќе изготви средства од својот буџет со кои ќе бидат донирани 50 пакети со прехранбени производи кои ќе бидат донирани на социјално загрозените семејства“, рече Бакрачески.

Но Бакрачески признава дека овие хуманитарни активности се само еден вид симболика и се само привремено решение за оваа категорија на охриѓани. Вели дека имал информации дека бројот на ваквите лица во Охрид се намалувал.

„Според неофицијалните податоци кои ги имаат обработено надлежните локални и државни институции, факт што радува е дека бројот на социјално загрозени семејства во Охрид постепено опаѓа. Она што навистина треба да го правиме долгорочно за оваа категорија на граѓани е да ја раздижиме локалната економија во Охрид и да креираме што поголем број на работни места. И тоа за мене и за локалната власт е врвен приоритет, а тоа се случува само со влез на домашни и странски инвеститори, отварање на нови стопански капацитети и нови туристички капацитети преку стимулирање на инвеститори да градат нови хотели“, рече Бакрачески.

Ова е еден симболичен гест со кој моментално, краткотрајно и симболично ќе им помогнеме на овие семејства, рече Гордана Коњаноска, претседател на Советот на општина Охрид.

XS
SM
MD
LG