На вчерашната таканаречена осма бомба на опозицијата меѓудругото можеа да се слушнат и разговори во кои власта им врши притисок на домашните и на странските фирми да им дадат поддршка на изборите. Во разговорот, како што велат од СДСМ, помеѓу Миле Јанакиески и соговорник се спомнува фирмата Агрокор.
Таквата симбиоза не е во согласност со пазарната економија и тогаш настануваат тие злоупотреби кои доведуваат до искривување и до нарушување на темелите на пазарната економија. Секаков спој на бизнисот со политиката и обратно е за мене неоправдан и не смее да се случува во една нормална држава.Зоре Темелковски, стопанственик.
Прв машки глас: Десетина инспектори имаат, пазаришни, трудови, даночни.
Втор машки глас: Ако де. Ако. Држава сме, контролираме. Речи му пак ти со Заев да работиш. Му е...м мајката у пи.а.
Прв машки глас: А овој, Хрватот, ми вика дека, нели ние цело време даваме и поддршка, јас со Заев никој пат.
Втор машки глас: Никаква поддршка, знаеш каква поддршка дадоа? Значи прво, Ставрески појде таму, никој немаше. Второ, на камен темелник не нè викнаја.
За да после рефлектира една состојба којашто им дава на круг на политичари, круг на партии, да бидат буквално цареви и на некој начин да воспостават некоја непрогласена монархија. Кога така е концентрирана власта, кај владетелот, во општество кое се декларира како демократски, е нешто анахроно.Мендерес Кучи, претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија.
Во друг разговор помеѓу, како што вели опозицијата, Мартин Протоѓер и Миле Јанакиески се разговара за фирмата Илинден од Струга.
Прв машки глас: Ее му ѕвонам на телефон види ако.. ај ќе ми го даеш попосле само да ти кажам нешо има една фирма Илинден, градежна фирма од Струга асфалтираат по налог на Ацо низ цел Охрид, нека запре кажи му зашо ќе му е.... мамицата кажи му...
Втор машки глас: Ја ќе му се јавам на Раде бе.
СДСМ објави и разговор меѓу, како што посочуваат, Миле Јанакиески и Влатко Мијалков, во кој разговараат за вработени во МЕПСО, ЕЛЕМ и Телеком.
Прв машки глас: Од кога го направивме тоа во поголемите институции што се, на пример јас сега и во МЕПСО, во ЕЛЕМ, ТЕЛЕКОМ, тие големите ги направив тоа, сега ни треба ептен по микро. Го направив тоа.
Втор машки глас: Тоа го имаме на големо? Ама го немаме бе направено.
Бизнисменот Зоре Темелковски вели дека секако е за осуда и не е во ред кога политиката се меша во бизнисот и обратно кога стопанствениците влегуваат во обврски со политичарите.
„Таквата симбиоза не е во согласност со пазарната економија и тогаш настануваат тие злоупотреби кои доведуваат до искривување и до нарушување на темелите на пазарната економија. Секаков спој на бизнисот со политиката и обратно е за мене неоправдан и не смее да се случува во една нормална држава“, вели Темелковски.
Претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Мендерес Кучи, вели дека праксата на власта за вршење притисок врз компаниите за време на избори е присутна отсекогаш. Според него, вината е и кај фирмите кои влегуваат во договор со власта со цел да профитираат.
„Тоа по сè изгледа зема таков замав, ние претпоставуваме и сè уште претпоставуваме дека се случуваат такви работи коишто ги доведуваат компаниите пред свршен чин, не е веќе желба, туку нешто тоа што мора, без да се внимава дали е тоа странски или домашен инвеститор, секој што е тука ги чувствува истите последици“, вели тој.
Кучи додава дека ако генезата на проблемот беше како системот во Америка каде бизнисот ја води политиката преку лобирања, што е легитимно, овде се случува токму обратното
„За да после рефлектира една состојба којашто им дава на круг на политичари, круг на партии, да бидат буквално цареви и на некој начин да воспостават некоја непрогласена монархија. Кога така е концентрирана власта, кај владетелот, во општество кое се декларира како демократски, е нешто анахроно“, вели тој.
Според Кучи, сето ова ќе се одрази негативно врз инвеститорите кои ќе се решат да го водат бизнисот на друго место каде ќе бидат имуни од вакви влијанија.