Бадијала работи, бадијала нe седи

Сашко Јованов, НВО Македонска платформа против сиромаштија.

Ако се земе фактот дека една третина од населението во Македонија е вработено сиромашно и една третина се невработени и сиромашни, тогаш ќе увидиме дека најавените инвестиции не можат да пружат решение на овој горлив проблем со кој се соочуваме ние граѓаните, пишува Сашко Јованов, НВО Македонска платформа против сиромаштија, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Во време кога се најавуваат инвестиции, односно економски раст и развој на земјата, нови вработувања, субвенции за вработување и самовработување на младите за решавање на невработеноста и намалување на сиромаштијата, ние се соочуваме со неколку клучни проблеми кои во основа се од суштинско значење, а тоа е проблемот со нудење на ниско платена работна сила и ниската висина на минималната плата.

Ако пресметаната синдикална кошничка изнесува 32.000 денари за минимум неопходни средства за пристоен живот на едно 4-члено семејство, тогаш можеме да видиме дека вработените кои земаат минимална плата, па дури и вработени двајца члена од семејството не можат да го достигнат овој праг на задоволување на минимум неопходни средства. За нив преживувањето е навистина уметност.

Загарантираната минимална плата е во износ од 9.500 денари со новите измени, додека истата пред извесно време беше 8.050 денари, а за текстилните и кожарските работници таа се движи од 6.000 до 7.000 денари. Тогаш можеме да забележиме дека оваа категорија на граѓани се вклучени на пазарот на трудот и не се водат како социјално загрозени, а сепак се сиромашни односно вработени сиромашни граѓани.

Е па драги мои, ако пресметаната синдикална кошничка изнесува 32.000 денари за минимум неопходни средства за пристоен живот на едно 4-члено семејство, тогаш можеме да видиме дека вработените кои земаат минимална плата, па дури и вработени двајца члена од семејството не можат да го достигнат овој праг на задоволување на минимум неопходни средства. За нив преживувањето е навистина уметност. Според истражувањата, прво што граѓаните прават кога им стигнува приход во семејството е плаќање на режиските трошоцикои се движат некаде од 6.000 до 7.000, па така можеме да заклучиме слободно дека пари за останатите работи нема.

Сигурно сега се прашувате како врзуваат крај со крај текстилните работници кои според нивните вистинити искази работа за 6.000 денари за месец или два и се малтретирани, навредувани, за кои не се знае работен ден и час. Тешко, многу тежок е животот за овие луѓе кои социјалниот, културниот живот и нивното здравје се одамна луксуз, а да не зборуваме за обезбедување на пристоен оброк.

Ако се земе фактот дека една третина од населението во Македонија е вработено сиромашно и една третина се невработени и сиромашни, тогаш ќе увидиме дека најавените инвестиции не можат да пружат решение на овој горлив проблем со кој се соочуваме ние граѓаните.

Тоа значи наместо намалување на невработеноста и сиромаштија, секојдневно се зголемува бројот на граѓаните кои спасот го бараат во просењето и барањето утеха во контињерите, работа на црно само да се преживее и однесе дома нешто повеќе.

Но кога ќе земеме сево ова, тогаш ние немаме социјална правда во државата, загарантирани работнички права, загарантирано работно време, односно наместо 40 се работи по 48 и повеќе часа.

Но кога ќе земеме сево ова, тогаш ние немаме социјална правда во државата, загарантирани работнички права, загарантирано работно време, односно наместо 40 се работи по 48 и повеќе часа. Немаме синдикат кој треба да ги промовира и брани работничките права, немаме адекватна висина на плата или дополнителни бенефиции кои ќе им понудат на граѓаните нормален, достоинствен и кавлитетен живот. Затоа граѓанскиот сектор е сè повеќе на терен и ги увидува сите овие неправди, ги сослушува повредените и исплашените работници кои сепак се плашат гласно да говорат за се што ги мачи. Сиромашните па и вработени стануваат експерти по математика сметаат како да скрпат крај со крај.

Постојат голем број на граѓански и законодавни иницијативи кои ја подигнат свеста и нудат решенија за решавање на овој проблем, но сепак оддругата страна имаме еден зид и затворени уши за да се слушне сето ова.

Драги мои, треба да ја кренеме главата и да кажеме доста за угнетувањата и малтретирањата за дадениот труд кои само нуди корка леб, доста за плата која е милостина, а не и за квалитетен живот, доста за нудење на нови и неквалитетни работни места, доста велевме ако не врне ќе капне... Ако сè ова не успееме сами да го решиме и се избориме за тоа што ни следи...тогаш и ќе си остане:бадијала работи, бадијала неседи.