Достапни линкови

Едни со други, а не едни покрај други


Сашко Јованов, НВО Македонска платформа против сиромаштија.
Сашко Јованов, НВО Македонска платформа против сиромаштија.

По конфликтот во 2001 се поделивме по секој основ, по основ на култура, по основа на религија, националност, јазик, политичка определба, пишува Сашко Јованов од Македонската платформа против сиромаштија во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Ако живееме во мултикултурно општество и истото го промовираме како совршен модел за заеднички соживот и толеранција, недискриминација и разбивање на сите стереотипи и предрасуди, тогаш се прашувам зошто сето ова не функционира во реалноста, во нашето секојдневие?

Мултикултурализмот охрабрува идеологија и политики кои ја промовираат оваа разновидност и негова институционализација. Во таа смисла, мултикултурализмот е општество со богати човечки животи и желба кај луѓето да го изразуваат својот идентитет на начин што им одговара.

Мултикултурализмот е едноставен факт на културната разновидност и демографскиот состав на одредено место, понекогаш на организациско ниво, на пример, училишта, бизниси, градови или држави. Мултикултурализмот охрабрува идеологија и политики кои ја промовираат оваа разновидност и негова институционализација. Во таа смисла, мултикултурализмот е општество со богати човечки животи и желба кај луѓето да го изразуваат својот идентитет на начин што им одговара.

Многу работи кажани во неколку реченици, но сепак треба да се вратиме во реалноста, а реалноста вели, да, во Македонија, освен Македонците живеат и Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи и други, секој со своја култура, обичаи, традиции, јазик и сè што го прави идентитетот на еден народ. Во мултикултурно општество треба сите овие работи да бидат подеднакво застапени и почитувани, но дали е сè како што треба да биде? Според мене, не.

По конфликтот во 2001 година се донесе Охридскиот рамковен договор, кој всушност е договор за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија. Користејќи ги Бадентеровите принципи, Парламентот го изгласа законот за употреба на јазиците кој ги засега сите етнички групи во Македонија. Се прашувам дали Охридскиот договор е извор на стабилност или напротив, извор на нестабилност за Република Македонија?

По конфликтот во 2001 се поделивме по секој основ, по основ на култура, по основа на религија, националност, јазик, политичка определба. Македонците и Албанците учат во различни смени, си направивме свои гета по кои слободно можеме да се движиме без да се измешаме, локали во кои исклучиво одат или само Македонци или само Албанци. Драги мои, направивме сè што е спротивно од мултикултурализмот.

Се прашувам дали Охридскиот договор е извор на стабилност или напротив, извор на нестабилност за Република Македонија?

Обидите и напорите да се санираат штетите од разделеноста ќе ги препишам главно на невладиниот сектор кој низ низа проекти се труди да ги спои децата да учат заедно, да се стекнат со нови пријателства, култури, јазик, да осознаат дека ништо не е страшно до тебе да седи врсник од различна етничка припадност. Невладиниот сектор се труди да седне на маса припадници од сите етнички заедници и отворено да дискутира за мултикултурализмот, за сè што е направено како штета досега и како истата да се санира и како треба да се има заеднички соживот, како ние да живееме едни со други, а не едни покрај други.

Европската комисија во Еразмус + програмата која е наменета за млади до 30 години, а станува збор за младински размени и обуки на одредени теми, покрај активностите предвидени со самиот проект, главен акцент става на Интеркултурните вечери, вечери каде сите земји учесници во проектот имаат можност да ја промовираат својата земја, својата култура, традиција и обичаи и секако традиционалната храна. Учесниците, покрај стекнатите нови пријателства, учат нешто ново и нешто различно од обичното ни секојдневие.

Тоа е всушност спојот на различностите, спојот да се прифати од сите, да бидеме заедно и да креираме подобри услови за заеднички соживот.

Се надевам дека во иднина младите во Македонија ќе размислат многу околу оваа тема и ќе преземат многу иницијативи за да се надмине сегашната ситуација и секако да се најде начин да се споиме во многу работи, а не како што е сега ситуацијата, само да се споиме и да имаме заеднички неколку работи, а тоа се сиромаштијата и невработеноста.

XS
SM
MD
LG