Незадоволни од полагање математика на матурскиот испит, со барање да остане стариот начин на полагање во гимназијата, кумановските средношколци кои посетуваат настава на македонски и на албански јазик со мирни протести и транспаренти масовно заедно продефилираа низ главните улици во градот, а кусо се задржаа и на големиот Градски плоштад.
Не е праведно. Ние имаме четири часа музичко, а некој има 12 часови математика неделно и не можеме да полагаме заедно и исто.Средношколец од Куманово.
„Да се укине полагање на математика за матура. Не за математика.“
„На државна матура да се укине математика, да имаме право помеѓу јазик и математика.“
„Не е праведно. Ние имаме четири часа музичко, а некој има 12 часови математика неделно и не можеме да полагаме заедно и исто. В понеделник сигурно ќе протестираме, за утре не се знае.“
„Ни пречи тоа што немаме право на избор како до минатата година. Проблемот е во тоа што ни наметнуваат како и државната матура што ја наметнаа и затоа решивме дека веќе доста беше молк и дека треба нашиот глас да се слушне“, велат гимназијалците.
Кумановските средношколци сметаат дека ќе им се придружат и нивните врсници од другите градови, а целта им е да одржат голем протест во Скопје.
„Сигурно ќе успееме и подобро од студентите“, велат кумановските средношколци.