Голем број катови од објектите на Широк Сокак и во битолската чаршија иако постојат околу еден век се уште се водат како дивоградби. Катовите со децении не биле евидентирани во катастарот, а сопствениците ги немаат потребните документи. Ова им задава главоболка на голем број битолчани. Давид Митревски сопственик на двокатен дуќан во чаршијата вели:
Тогаш за тоа не се водеше евиденција. Сега сакав да го продадам цел дуќан не можев зашто ја немам потребната документација за катот. Треба да чекам тој да се внесе во сите планови и да се легализира, па потоа да барам купувач.Давид Митревски, дуканџија.
„Дуќанот ми остана од дедо, прадедо уште од пред социјалистичкиот период. Прво беше изградено приземјето, а потоа пред можеби осумдесет години подигнаа и кат. Тогаш за тоа не се водеше евиденција. Сега сакав да го продадам цел дуќан не можев зашто ја немам потребната документација за катот. Треба да чекам тој да се внесе во сите планови и да се легализира, па потоа да барам купувач“, вели Митревски.
Само на Широк Сокак има десетици објекти кои се на катови, како и стотина други дуќани во битолската чаршија. Ова е голем проблем за граѓаните, вели Стевче Стефановски, директор на битолскиот катастар.
Има многу граѓани со вакви објекти зашто ова важи и за Широк Сокак и за чаршијата. На Широк Сокак вторниот кат ни е оставен бидејќи за сега такви се законските можности на нашата држава.Стевче Стефановски, директор на битолскиот катастар.
„Има многу граѓани со вакви објекти зашто ова важи и за Широк Сокак и за чаршијата. На Широк Сокак вторниот кат ни е оставен бидејќи за сега такви се законските можности на нашата држава. Ќе сториме се во рамките на можностите, дали со подазконски акти ќе го решиме и тој проблем кој многу ги измачува жителите на град Битола“, вели Стефановски.
Директорот на Агенцијата за катастар и недвижности Славе Трајчески деновиве во Битола се сретна со сопствениците на објектите кои ја немаат потребната документација за легализација на катовите.
„Катастарот до 1992 година не водел воопшто евиденција за катовите, туку бил само катастар на земјиште. Од 1992 година започнала постапка за запишување на зградите. Но, имаме објекти во Битола и во цела Македонија кои се изградени повеќе од 50, 100 години, но немаат документација, немаат одобрение за градба, немаат проекти, ја немаат таа документација. Но, факт е дека егзистирале можеби со столетија“, вели Трајчески.
Директорот додаде дека ова не е само проблем на Битола, туку и нa другите градови низ државата. Најави дека наскоро ќе изнајдат решение на проблемот, но не откри какво.
„Како Агенција за катастар и недвижности веќе имаме идеја како да го решиме проблемот. Ќе го предложиме тоа на Влада и се надеваме дека ќе најдеме решение и за оваа категорија на граѓани. Но, не само за Битола туку истиот проблем во имаат во Крушево, Охрид и Скопје , сите оние градови во Македонија кои имаат стара архитектура го имаат истиот проблем. Ќе бараме решение за сите нив“, рече Трајчески.