Во една недела дури по два, за македонски услови, масовни протести. Во таква атмосфера заврши минатата, па почна и оваа година. Последните десет дена од 2014 поминаа со протестите на хонорарците што се одржаа на 22 , па потоа на студентите на 26 декември. Годинава пак почна со протестот на студентите и професорите пред парламентот на 14 месецов, а неделава што измина се одржа и протест поради одлуката на Апелациониот суд новинарот Томислав Кежаровски да биде осуден на две години затвор. Деновиве е актуелен и револтот на наставниот кадар, па претседателот на СОНК Јаким Неделков повика на генерален штрајк, кој како што посочува и покрај силните притисоци, сепак се реализира.
Сите овие процеси би ги нарекол планински мали поточиња кои полека ќе се слеат во една незапирлива река или буица која ќе го потопи општеството. Економските и социјалните причини се сосема јасни и видливи за секого, почнувајќи од невработеноста, немаштијата, нерамноправноста.Арсим Зеколи, политички аналитичар.
Оваа саботна емисија анализираме кои се причините за се позачестените протести во Македонија?
Протестите од мали поточиња ќе прераснат во незапирлива река
Има повеќе причини за ова будење на различните групи на општеството, смета аналитичарот Арсим Зеколи кој додава дека и ерупцијата на незадоволство допрва ќе се случела.
„Сите овие процеси би ги нарекол планински мали поточиња кои полека ќе се слеат во една незапирлива река или буица која ќе го потопи општеството. Економските и социјалните причини се сосема јасни и видливи за секого, почнувајќи од невработеноста, немаштијата, нерамноправноста. Се повеќе луѓе не гледаат причина и не гледаат мотив да молчат пред катастрофалната состојба, бидејќи знаат дека тоа молчење веќе нема да биде наградувано од страна на власта, едноставно нема пари за толку масовно купување на послушноста преку корумпирање на незадоволните“, вели Зеколи.
Од друга страна студентските протести го скршија мразот, направија преседан после долги години да не се случуваат контрапротести, протестите да бидат ненасилни, мирни, воедно да се обидуваат да воспостават дијалог со владата. Тоа создаде реакција кај другите групи коишто сметаат дека нивните барања не се исполнети и едноставно се охрабрија истите да ги побараат.Владимир Делов, Студенстки пленум.
Тој смета и дека ваквата ситуација ја предизвикувала власта со ригидини реакции, сеење страв и закани што, како што додава, само повеќе ја иритирало јавноста.
„Но има и еден друг момент кој е многу битен, а тоа е крајот и крахот на т.н. големи или високи политики со кои досега се замајуваше јавноста. Почнувајќи од спорот за името, борбата за спасување на идентитетот, интеграциите во ЕУ и НАТО, Рамковниот договор, јазични симболни права и слични теми. Обичниот граѓанин веќе нема интерес и нема трпение за тие теми и поради тешкиот живот со кој се соочува ја присилува власта да ја врати политиката на прашања кои се од животно значење за поединецот“, вели Зеколи.
Сè започна со студентите
Прв протест на кој дотогаш зачмаената јавност се подразбуди беше студентскиот кој се одржа кон средината на ноември. Студентите кои претходно молчеа или колебливо и тивко зборуваа за лошите услови во домовите, корупцијата во образованието и другите проблеми со кои се соочуваат на улиците покажаа бројност и одлучност.
Владимир Делов од Студенсткиот пленум, неформална група што ги организира протестите, смета дека се почестиот граѓански револт е резултат на презаситеност.
„Во моментот на изготвувањето на самите закони постои еднонасочност, односно владата ги наметнува законите без никакво консултирање и без никаков воспоставен дијалог со луѓето кои ги засегаат законите. Тоа нормално доведува до бунт, револт кај луѓето. Од друга страна студентските протести го скршија мразот, направија преседан после долги години да не се случуваат контрапротести, протестите да бидат ненасилни, мирни, воедно да се обидуваат да воспостават дијалог со владата. Тоа создаде реакција кај другите групи коишто сметаат дека нивните барања не се исполнети и едноставно се охрабрија истите да ги побараат“, вели Делов.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Подоцна на студентите им се приклучија и професорите кои по урнекот на младите формираа т.н. Професорски пленум. Заедно неколку пати излегуваа на протести, држеа часови пред собрание, организираа перформанси по носењето на законот.
Државата да си живее како засебен ентитет речиси независен од самото општество, самото тоа што е комплет игнорирано, непрашано, неслушнато, што мора од улица да крика и да вика за да биде слушнато, а државниот апарат си меле, си тркала понатаму, исто како да не постои општеството.Катерина Колозова, Професорски пленум.
Општеството не живее во државата
Според професорката Катерина Колозова која е во Професорскиот пленум граѓаните во последниот период се будат и сакаат да ја потсетат власта дека мора да бидат вклучени во дебатата што се однесува на нивните животи. Општеството и државата кај нас се целосно одвоени и едноставно таквата ситуација веќе е неодржлива вели Колозова.
„Целиот процес зошто сето ова изгледа вака е што всушност ние добиваме една чудна слика на подвоеност меѓу државата и општеството. . Државата да си живее како засебен ентитет речиси независен од самото општество, самото тоа што е комплет игнорирано, непрашано, неслушнато, што мора од улица да крика и да вика за да биде слушнато, а државниот апарат си меле, си тркала понатаму, исто како да не постои општеството. Тоа покажува на една суштинска, иманентна, органска подвоеност меѓу двата феномена општество и држава, значи таква неприродна појава според мене не е оддржлива според природните закони“, вели Колозова која додава дека сепак не може да се одвои конкретно дали има нешто посебно што периодов ги поттикна протестите.
Сметаме дека имаме релевантни аргументи со кои можеме да се разбереме и да објасниме на што точно мислиме кога мислиме дека овие решенија не се добри. Не само што не бевме примени, туку не бевме удостоени ни со каков било одговор, таа ароганција едноставно не принудува да излеземе на улица за да се чуе нашиот глас.Ѕвездан Георгиевски, новинар..
„По правила револтот се раѓа како стихија, нема веќе рационализација, значи не ви треба ни охрабрување, ни ви треба ни поттик, не ви треба ни некој да ви каже дека така треба, едноставно не можете повеќе“, додава Колозова.
Сега ќе не чуете
И меѓу двата студентски протести на улиците во декември излегоа и хонорарците револтирани од тоа што новата година им донесе и нова давачка, 35 отсто од хонорарот за придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Неколкуте илјади кои тогаш излегоа на улиците, идентично како и студентите извикуваа, „сега ќе не чуете“.
„Тоа е една депресивна ситуација таа ароганција на власта. Протестот не беше наша замисла првенствена и првична, ние побаравме средба со министерот или со некого од Министерството. Сметаме дека имаме релевантни аргументи со кои можеме да се разбереме и да објасниме на што точно мислиме кога мислиме дека овие решенија не се добри. Не само што не бевме примени, туку не бевме удостоени ни со каков било одговор, таа ароганција едноставно не принудува да излеземе на улица за да се чуе нашиот глас“, вели новинарот Ѕвездан Георгиевски.
Според професор Здравко Савески кој е член на левичарското движење Солидарност сегашната влада континуирано и со забрзано темпо носи закони и одлуки на штета на граѓаните. Ова темпо на владино влијание во повеќе сфери нешто што го гледаме во периодов, не е ништо ново, бидејќи со години е така вели тој, отфрлајќи ја можноста забрзаната владина агенда да го провоцира граѓанскиот револт.
„Она што е променето е расположението кај граѓаните. Студентскиот протест успеа да ги охрабри луѓето, да излезат и отворено да го искажуваат својот револт. Досега владата врз основа на малиот број на луѓе кои излегуваат на протести сакаше да создаде слика дека мал број луѓе не се согласуваат со нејзините политики, но бројот на незадоволни граѓани е голем, досега тие не толку масовно излегуваа на протести, бидејќи владата спротивно на сите демократски стандарди одбива да ги слуша протестите без разлика колку масовни биле тие или колку ситни се барањата на протестантите, но очигледно граѓаните се охрабрија и тоа го гледаме во овој период кога значително имаме зголемување на бројот на протести“, вели Савески.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Случувањата на улица, не влијаат на оние внатре?!
Но и покрај протестите, несогласувањата, викањата од улиците работата на државниот апарат си врви па се чини дека случувањата надвор не влијаат врз оние кои одлучуваат внатре во институции. Професорите и студентите се обидоа и преку дијалог на средба на претседателот Ѓорге Иванов да му објаснат зошто мислат дека измените на законот за образование се лоши, но не успеаја во својата намера да го убедат да стави вето, па и официјално откако неделава ги потпиша законите стапуваат во сила.
Ние протестиравме повеќе пати за Кежаровски, дававме аргументи , се објаснувавме, се убедувавме, тоа не наиде на слух од страна на судиите, така што овој протест е уште еден од низата, но веројатно протест кој зад себе носи најголема фрустрација и најголем бес, поради фактот што новинар заради два текста објавени е во затвор.Тамара Чаусидис, ССНМ.
Хонорарците од сите области, од новинари, вработени во невладиниот сектор, актери, филмски работници сите излегоа на улица а и им пишаа на властите за негативните ефекти од законот. НО веќе од другиот месец тие ќе мора од своите хонорари да одвојат по 35 отсто и да ги платата законски предвидените обврски. Новинарите пак уште од денот на приведувањето на Кежаровски пролетта 2013 година се обидуваат да објаснат дека нивниот колега е невин, па првостепениот суд го осуди на 4,5 години, а Апелациониот му ја намали казната на две години. Но сепак тој се уште е виновен.
Тогаш што е целта на сите овие протести ако впечатокот е дека не можат да изменат ништо?
„Ние протестиравме повеќе пати за Кежаровски, дававме аргументи , се објаснувавме, се убедувавме, тоа не наиде на слух од страна на судиите, така што овој протест е уште еден од низата, но веројатно протест кој зад себе носи најголема фрустрација и најголем бес, поради фактот што новинар заради два текста објавени е во затвор“, вели Тамара Чаусидис , претседателка на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и дел од Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски.
Мислам дека сепак на крајот сепак ќе победи правдата, ова сепак е една мала победа, добро е за новинарот што е ослободен, но на крај се надевам дека правдата ќе победи до конечните судски инстанци и домашни и меѓународни.Зоран Димитровски, новинар.
Новинарот по извесен период поминат во притвор во Шуто Оризари, па потоа во домашен притвор и по одлуката на Апелација за намалување на казната од 4.5 на две години сега е на така наречен условен отпуст односно до истекот на издржувањето на казната. Зоран Димитровски кој исто така е во Иницијативниот одбор смета дека без залагањата на новинарите немало да дојде до ова.
„Мислам дека сепак на крајот сепак ќе победи правдата, ова сепак е една мала победа, добро е за новинарот што е ослободен, но на крај се надевам дека правдата ќе победи до конечните судски инстанци и домашни и меѓународни“, вели Димитровски.
По сите овие протести периодов, професор Савески вели дека му изгледа како нашата влада да е глува и одбива да го слушне гласот на народот. Според него таквиот однос не е одлика на демократските општества, оти, како што вели, во таквите секоја влада мора да има слух за народот.
„Од старт не може да се знае дали одреден протест ќе има ефект или нема да има. Во секој случај колку е бројката поголема толку има поголема шанса да има ефект, бидејќи дури и кога се работи за глува власт, таа не може тотално да го игнорира гласот на народот кога ќе има и поголем број на протестанти од ова нивно што е сега “, вели Савески кој додава дека засега се отворени можностите за тоа како ќе реагираат граѓаните и врз основа на тоа да се процени и реакцијата на владата.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
И пропагандата попушта пред новата енергија
Таа уште поголема бројка владата нема да може да ја истрпи бидејќи тоа создава една друга енергија која таа и покрај својата голема пропагандна вештина која почнува да крахира и покрај своите методи на контрола, може да крахираат во одреден момент.Здравко Савески, универзитетски професор.
„Можно е луѓето на ова ниво, на неколку илјадници луѓе на протести, да се разочараат бидејќи ќе видат дека оваа бројка е недоволна или пак тоа да мотивира уште поголема бројка на луѓе кои ќе го изразуваат своето несогласување, а таа уште поголема бројка владата нема да може да ја истрпи бидејќи тоа создава една друга енергија која таа и покрај својата голема пропагандна вештина која почнува да крахира и покрај своите методи на контрола, може да крахираат во одреден момент“ додава Савески. Но Зеколи не се согласува со мислењата дека власта не ги слуша оние што од улица викаат дека нешто не чини. Таа многу внимателно и педантно ги слуша и ги разбира сите овие незадоволства, вели Зеколи.
„Овие реакции не се само прашање на ригидност или на заслепеност на власта, туку неспособност да се погледнат повеќе од она што е тесен интерес на преживување на владината политика која ја има сета моќ и сите привилегии. Ние полека навлегуваме во периоди, во една ситуација која ги надминува класичните поделби меѓу власта и опозицијата и мислам дека ниту власта, ниту опозицијата не се толку сосема свесни за тоа што се случува“, вели Зеколи.
Колозова пак претпоставува дека ваквото изразување на граѓански револт има сила да смени нешто, оти, како што вели, не може да сфати дека некое општество може да го претвори во нормалност постојаниот протест.
„Претпоставувам во еден момент дека властите ќе мора да ги сослушуваат сите овие луѓе коишто имаат за што да протестираат и имаат што да кажат, дека ќе се отвори суштинска дебата за евентуално нов закон за образование, дека ќе се отворат суштински дебати за другите прашања, дека ќе сфати дека мора да разговара со засегнатите страни“,вели Колозова.
Инаку и по ваквиот период исполнет со протести не е исклучен и нов начин на искажување на граѓанската непослушност. Студентите и професори организирани во своите посебни пленуми веќе најавија дека ако измените на законот за високо образование стапат во сила, што е веќе извесно откако Иванов ги потпиша ќе им остане само граѓанската непослушност како начин на изразување на својот револт и несогласување.