Достапни линкови

Власта со Кежаровски се „пере“ од гревовите


Новинарски протест: Борбата продолжува
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:56 0:00

Со условен отпуст на новинарот Кежаровски власта се „пере“ од своите гревови, велат од Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот и додаваат дека борбата продолжува се до негово до негово ослободување од обвинението.

Добра вест, но и политички потег со кој власта си ги пере своите гревови во случајот со Кежаровски, велат од Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски откако денеска Одделението за организиран криминал при Основниот суд донесе решени со кое се уважува предлогот за условен отпуст на осудениот новинар.

Иницијативите, протестите, притисоците што на некој начин ги правиме на крајот на краиштата имаат некаков ефект, меѓутоа морам да потенцирам дека со овој потег власта на некој начин сака да ги испере своите гревови.
Зоран Димитровски, новинар, дел од Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски.

Според ова решени новинарот Томислав Кежаровски е отпуштен од натамошно издржување на казната во затворот, но останува дека е осуден на 2 години.

Новинарот Зоран Димитровски од Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски и порача на власта дека борбата ќе продолжиме до Врховниот суд додека Кежаровски не биде ослободен од обвинението.

„Иницијативите, протестите, притисоците што на некој начин ги правиме на крајот на краиштата имаат некаков ефект, меѓутоа морам да потенцирам дека со овој потег власта на некој начин сака да ги испере своите гревови, а во случајот на Кежаровски знаеме дека нема докази за делото за коешто се товари и дека единствената можна пресуда која ја очекуваме е ослободителна.“

Кежаровски е невин и ние цело време верувавме дека е невин и единствената правична одлука за него е да биде ослободен од каква било одговорност“, в
Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

Денешната одлука Судот ја донел бидејќи осудениот веќе издржал повеќе од половина од казната затвор и водејќи сметка дека покажал беспрекорно примерно поведение како и влошената здравствена состојба заради која му беше одреден прекин на издржувањето на казната во траење од 30 дена, се наведува во соопштението од Судот.

Против ова решение дозволена е жалба во рок од осум дена. Правниците велат дека ако Обвинителството се жали може да ја укине одлуката, а ако тоа не се случи во рок од осум дена одлуката станува правосилна. ЗНМ останува на ставот дека Кежаровски без вина останува осуден.

„Адвокатот на Кежаровски уште го нема добиено решението за условен отпуст, единствениот коментар што во овој момент можеме да го дадеме е дека Кежаровски е невин и ние цело време верувавме дека е невин и единствената правична одлука за него е да биде ослободен од каква било одговорност“, вели претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Голготата на новинарот Томислав Кежарвски трае две ипол години. Од самиот почеток Здружението на новинари, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски се вклучени во борбата за негово ослободување од притвор односно за ослободување од неговата вина. Последниот протест беше пред неколку денови.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG